10 мисли што им се вртат на мажите во глава кога спијат со нивните девојки во зима
Во текот на зимските денови кога надвор е ладно и врне, нема ништо поубаво од тоа да заспиете во прегратката на вашиот партнер, скриени под топло ќебе. Сигурно со нетрпение сте чекале да заврши летото за да можете да спиете прегрнати, бидејќи момците обично се жалат дека им е жешко, па бегаат што е можно подалеку. Сепак, мажи како мажи, понекогаш знаат да бидат многу пребирливи, па затоа ни во зима нема да имате мир од нивните жалби и поплаки. Ова се 10-те мисли што им се вртат во глава кога спијат со нивните девојки во зимскиот период…
1. „Ни требаат повеќе јоргани.“ Добрата страна на зимата е што и двајцата имате повеќе контрола врз тоа колку ќе ви биде топло или ладно. Дури и да е студено во спалната соба, може да се покриете со еден куп ќебиња. Но, за тоа ќе ви требаат еден куп ќебиња, кои најчесто ги немате. Токму затоа, вие вршите вистински криминал кога ќе се свртите на страна и ќе му го украдете ќебето на вашиот партнер.
2. „Како е можно до толку да не се согласуваш со мене во однос на собната температура?“ Научниците долго време се обидувале да разберат што е тоа што ги привлекува човечките суштества. Дали феромоните ги диктираат сексуалните врски? Дали постојат суптилни физички карактеристики што ги прават потенцијалните партнери привлечни? Врз основа на ништо друго, освен на анегдотски докази, се чини дека во секој пар на еден од партнерите му е постојано жешко, а на другиот му е постојано ладно. Тоа значи дека многу ќе се расправате за термостатот. Но, тоа исто така значи дека едниот од вас очајно ќе сака да се гушка во текот на зимата, а другиот веќе ќе врие под покривките и нема да сака никаква блискост. Во секој пар има една ледена коцка и едно шише жешка вода што врие.
3. „Дали штотуку ме удри по нога некој мртовец?“ Ако вие сте студената личност во врската, не треба да се грижите за ова. Никогаш нема да дознаете како е кога ве допираат мраз студени стапала во ниедно време од ноќта.
4. „Да не се расипала печката?“ Вашиот партнер се буди во ниедно време од ноќта и сфаќа дека многу сте ја намалиле температурата и покрај тоа што е средина на јануари, па мора тресејќи се да стигне до термостатот. Потоа, не може да заспие уште цел час. Ако мислите дека мажите не забележуваат кога скришум ќе ја намалите собната температура, се лажете. Тие многу добро знаат што сте направиле.
5. „Леле, зошто се потам?“ Но, немојте да одите ни во другата крајност! Немојте да ја зголемувате температурата толку многу што вашиот партнер ќе се разбуди целиот испотен како да глуми во некој филм каде што главниот лик само што имал ужасен кошмар за главниот негативец. Во оваа ситуација вие сте главниот негативец!
6. „Како стигна до мојата страна на креветот?“ Неверојатно е тоа што може да го направи човечкото тело додека спие, особено во зима кога бара телесна печка. Истовремено е слатко, но и напорно, кога ќе се „тутнете“ на неговата страна на креветот и ќе легнете врз него без да се разбудите, само затоа што сакате да ви биде потопло. Дури и најљубезниот човек не може да направи ништо во врска со ваквата доминација на креветот.
7. „Толку долго те топлам што раката ми се здрви.“ И сега тој не може да спие, бидејќи чувствува како да има боцки низ целата рака.
8. „Како е можно твоето електрично ќебе да биде толку жешко?“ Електричните ќебиња се како направи за мачење. Не смеете да заспиете со нив освен ако не сакате да се запалите.
9. „Како е можно да си ги собрала сите ќебиња?“ Некои луѓе можат да се вртат многу брзо додека спијат, како торнада, и се намотуваат со сите ќебиња околу нив толку цврсто што чудно е како воопшто можат да дишат.
10. „Гушкањето е многу подобро во зима.“ Колку полошо е времето надвор, толку подобро е гушкањето внатре. Постои правопропорционален однос помеѓу двете работи. Нема подобро гушкање од гушкањето за време на страшните зимски бури.
Доколку не можете да најдете позиција што ќе ви одговара на обајцата, погледнете го идеалното решение за гушкање во кревет.