10 миленичиња кои ги заслужуваат сите можни награди заради нивната храброст и интелигенција
Честопати се однесуваме кон нашите миленици попустливо и го сфаќаме сериозно нивното лаење без причина или нивното квичење без никакво значење. Однесувањето на нашите миленици понекогаш ни се чини чудно и невообичаено. Но, има многу докази дека животните им се вистински пријатели на луѓето и се подготвени да им помогнат во секое време.
Грижата за миленик може да ве направи многу среќни. Во овој текст ќе прочитате неколку вистински приказни во кои милениците се покажале како верни пријатели кои се појавиле во вистинскиот момент, токму кога биле најпотребни.
1. Еднаш се вратив дома од ноќна смена во 4 часот наутро, го ставив чајникот на шпоретот и заспав. Се разбудив само затоа што мојата мачка силно ме гризна на увото и исплашено мјаукаше. Помислив дека е гладна и полека отидов во кујната каде го видов изгорениот чајник и водата која се прелила врз ринглата која работеше на гас и протекуваше.
2. Еднаш, моето куче Моли и јас тргнавме на прошетка. Одев по плиткото дно на езерото кога одеднаш, стапалото ми се заглави во калта. Почнав да проколнувам сè на светот и направив уште еден чекор, а нозете ми пропаднаа во калта до глуждовите. Бев заглавена и не можев да излезам. Гледав во кучето и му шепнав: „Моли, што да правам сега?“. Таа ме погледна длабоко и како да разбра што ѝ кажав. Легна на стомак и несмасно почна да копа со предните нозе, потпирајќи се на задните. Постојано копаше и полека чувствував како се ослободувам од калта. Имаше многу тегнење, влечење и ползење. Таа ме извлече од калта. Слушнав дека јачината на кучето е тројно поголема од неговата тежина. Јас тоа можам и да го потврдам.
3. На моето куче веднаш не му се допадна човекот кој го запознав преку Интернет. Седеше меѓу нас и ни го одземаше вниманието, па дури и му залаја неколкупати. Следната недела во весник прочитав дека е уапсен поради силување.
4. Изнајмивме стан во проблематично маало каде редовно се случуваа различни, чудни нешта. Мојата мачка седеше покрај прозорецот и еднаш забележав дека почна да станува нервозна. Дојдов до прозорецот и видов како двајца мажи (подоцна беше откриено дека се крадци) нападнаа старец. Истрчав надвор и му помогнав на човекот. Од тој момент секогаш ја следам мојата мачка. Веќе спасив едно девојче, тинејџер, една постара дама, мајка со дете и мојот брат.
5. Пред 17 години, се најдов во следнава ситуација: мајка ми ме замоли да се грижам за мојот помал брат, кој беше една и пол година, во тој момент и беше во дворот. Јас како 6-годишна го чував. Кога мајка ми излезе надвор да провери што правиме, побледе затоа што го немаше брат ми. Почнавме да паничиме затоа што живеевме близу до автопат. Нашето куче Аза дојде да ни помогне – таа силно ми ги гризеше пантолоните и ме влечеше кон спротивната насока од автопатот. Ја следев Аза и трчав по неа. Кога стигнавме до местото каде таа ме водеше го најдовме брат ми кој седеше покрај едно патче што водеше надвор од градот.
6. Мајка ми имаше голем и многу болен израсток под пазувите. Затоа спиеше со раката нагоре и имаше многу силни болки. Нашата мачка, која во тоа време беше мало маче, доаѓаше до неа и легнуваше врз нејзината рана и продолжи да спие вака скоро цела ноќ. Утрината болката исчезна! Нашата мачка почина пред повеќе од 10 години, но сè уште ја паметиме.
7. Оваа приказна е за мојата баба. Имаше лоша британска мачка која секогаш гризеше и гребеше. Но, баба ми се разболе и нејзиниот крвен притисок беше многу висок. Еден ден во обид да побара помош таа стигнала до телефонот и се онесвестила. Мачката се стрчала кон неа и почнала да ѝ ја гризе раката. Таа се освестила и можела да повика брза помош. Мачката живееше уште 5 години, но потоа беше прегазена од автомобил.
8. Јас сум во инвалидска количка и денес додека се движев кон кујната мојот мачор скокна на масата и почна да удира на неа со шепата и да испушта предупредувачки звук. Веднаш сфатив дека еден кабел предизвикал краток спој и пробав да го повикам мачорот кај мене, но тој продолжи со неговото однесување. Отидов и до извлеков кабелот од штекерот, а тој се смири.
9. Еден ден поканив на гости едно момче со кое започнав да се состанувам, но и покрај тоа што мојата мачка беше навикната на странци во куќата, затоа што држев приватни часови дома, сфатив дека нешто не е во ред со него. Се чинеше дека е нормален, но таа скокна на него веднаш штом тој седна и го гризна! Никогаш не сум ја видела таква порано. Конечно ги поврзав нештата и дознав дека тој има психички проблеми. Веднаш штом го сфатив тоа, знаев дека мојата мачка постапи правилно и престанав да се гледам со него.
10. Кучето на моето момче беше причината поради која раскинавме. Сè беше во ред сè до моментот кога тоа го изгриза кабелот од мојот лаптоп. Моето момче не само што одби да ја надомести штетата, туку дури, одби и да го поправи. По лаптопот, кучето ги изгриза и моите скапи слушалки, кои ми беа роденденски подарок и моите нови чевли. Секојпат кога тоа ќе се случеше, тој, наместо да ми го компензира трошокот или да ми помогне, ќе ми речеше: „Ова се твои работи и ти си виновна што не си ги тргаш на страна“. Не бев навредена од кучето, туку од момчето. Конечно го оставив и не се каам поради тоа. Му благодарам на кучето што ми ги „отвори очите“.
Можеби сакате да ја прочитате и приказната за мажот од Швајцарија кој се откажал од кариерата за да ги спаси дивите животни во Африка.