10-те маки на секој оженет маж

10 маки со кои се соочува секој оженет маж

Иако жените почесто ги критикуваат своите партнери, добро е да се види и што имаат мажите да кажат на темата брачна љубов.

Couple Having Argument At Home

Еден маж одлучил да напише искрено писмо за аспектите кои го мачат во брачниот живот.

Знам дека и таа ќе го прочита ова, а исто така и нејзината фамилија и пријателите. Иако овие работи ги изјавувам анонимно, ќе ме препознае. Затоа, од старт кажувам: Драга, те сакам, но ни мене не ми е лесно! Се надевам дека сепак ќе ја цениш оваа моја искреност.

Во брак сум веќе 5 години и имам син, но во некои работи како машко и понатаму тешко се снаоѓам:

1. Кога се оженив, воопшто не помислував дека кака ќе постане една од главните теми за разговор.

2. Кој мисли дека љубовта е доволна за заеднички живот, тој никогаш не бил во брак. Ако сега се жалиш што заради недостатокот на пари не можеш да имаш девојка, почекај да видиш што се случува во брак на крајот од месецот, кога ќе немаш доволно за да подмириш некоја сметка. Расправии околу тоа кој колку заработил, кој на што колку потрошил и зошто се тие на менито барем еднаш до двапати месечно… Ако тогаш не си во состојба да отвориш тегла ајвар или да ја поправиш чешмата, си нае*ал.

3. Колку и да е добра жени ти, кога-тогаш ќе почнеш да се прашуваш каде исчезна онаа секси типка која ја ожени. Ќе почнеш да ѝ наоѓаш маани, да ѝ замеруваш за ситници, ништо од тоа нема да ѝ кажеш. Ќе гледаш со чудење во нејзините витлери, маски за лице, длабоки памучни гаќи за кои си мислел дека само бабите ги носат. Ќе ја гледаш како си го чепка носот, цеди мозолчиња. Ќе се правиш дека не го забележуваш нејзиниот израсток на главата и влакнестите нозе во текот на зимата. Ќе премолчуваш некои ситни иритирачки навики и во мислите ќе ја изневеруваш со онаа жена која била пред да се омажи.

4. Ќе постанеш нејзин приватен масер. Жените некако подразбираат дека мажот со кој стапиле во брак треба секогаш да биде расположен да ги чешка или масира, бидејќи за божја волја, кој друг би го правел тоа!? Од друга страна, ти не можеш туку така да ја гледаш жена си како се жали дека ја болат стапалата од одење на штикли цел ден. Секако дека ќе земеш да ѝ ги масираш стапалата и никогаш нема да ѝ речеш да проба да оди во некои поудобни чевли на работа… или барем нема да се зафркнеш двапати да ја повториш истата таа грешка.

5. Ќе готвиш. Ќе готвиш како тоа да си го правел цел живот… И ќе миеш садови. Ќе сфатиш дека измиените садови и исчистениот тепих за неа постануваат афродизијак. Ќе переш бидејќи знаеш дека после тоа сексот е многу извесен. Ќе ти се дига кога ќе помислиш на садовите, мијалникот и правосмукалката.

6. Си се оженил за да можеш повеќе време да поминуваш со својата сакана, да можете да водите љубов кога и да посакате, да се галите и да гледате филмови по цел ден, да се туширате заедно и да си играте доктори цел викенд? Е тука си се зае*ал. Оној момент кога ќе почнете да живеете заедно, спонтано ќе почнете да се гледате поретко одошто кога сте морале да јурите од едниот до другиот крај на градот за да ја задоволите страста. Секој е растрчан со своите обврски. Ќе се сретнете уморни и исцедени на крајот на денот, среќни ако се погоди да можете заедно да вечерате. Наутро ќе го молиш Бога жена ти да не се разбуди во исто време кога и ти, бидејќи имате само еден тоалет.

7. Ќе гледаш други жени. Дури и ако не си бил тој тип, во бракот ќе постанеш. Ништо нема да се обидеш да направиш со нив, но фантазијата ќе си го прави своето…

8. Ќе сфатиш дека таа баш и не сака некои твои другари. Колку и да се спротивставуваш да постанеш оној лик кој си нашол жена, па го снемало од друштвото, сѐ помалку ќе имаш време за висење со момците. Неделниот шопинг ќе ти стане поважен од спортските натпревари. Вечерата со жена ти ќе ти стане поважна од излегувањето на пиво со другарите… (погледни ја точката бр. 6). Сигурно ќе постои тој некој другар кому таа не сака очи да му види и ти ќе постанеш „папучар“ кој го предал друштвото заради неа… А и тебе веќе нема да ти биде забавно како некогаш да се гледаш со друштвото ергени. Ќе сфатиш дека таа не сака и многу твои другарки, дури и повеќе од оној лик кој не може да го смисли…

9. Ќе мораш да правиш многу компромиси, бидејќи вашите навики, мислења и начини на функционирање нема секогаш да се поклопуваат. Можеби нема да се сложувате околу воспитувањето на детето, изборот на намирниците, ТВ каналите, обичаите за празниците… Многу принципи ќе мораш едноставно да проголташ и да најдеш начин на крајот на денот сепак и двајцата да бидете задоволни.

10. Ќе добиеш ПМС. Да, ќе откриеш дека ПМС-от е заразен. Точно ќе знаеш кога таа се наоѓа во „оние денови“, бидејќи и тебе ќе те боли стомак и глава. Ќе ѝ купуваш тампони и влошки наместо кондоми… „Добар ден, дајте ми пакетче од оние влошки. Не тие синтетичките, од нив добивам осип… Не јас, туку жена ми… Не е важно…“ Кога ќе помислиш дека е најтешко, дека ти не си создаден за тоа, сепак само ќе ѝ кажеш „те сакам“. Таа ќе ти го тутне нејзиното изморено стапало во рака. Ќе почнеш да ја масираш и ќе заборавиш што си сакал…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар