10 луди теории за човечката свест

10 луди теории за човечката свест

Филозофијата и науката отсекогаш се обидувале да ја разберат свеста. Како „направа“ за процесирање, мозокот е помоќен и од најбрзиот суперкомпјутер. Но ако има серија процеси кои имаат влијание на нашата индивидуалност и свест, тоа допрва треба да го откриеме. Ова се некои од теориите кои се обидуваат да ја објаснат човечката свест.

1. Светот го перципираме како делчиња од времето

(1)10-udi-teorii-za-chivechkaa-svest-kafepauza.mk

Научниците не знаат дали перцепцијата која ја имаме за светот околу нас е слеана, како вода, или пак е поделена на мали делчиња. Истражувачите направиле модел кој ги прави и двете претпоставки вистинити. Се смета дека перцепцијата е процес во две фази. Првата фаза е несвесно процесирање на нашето опкружување како формата и бојата на предметите. Оваа фаза се случува во неверојатно кратки „делчиња“ кои траат по 400 милисекунди. Тогаш мозокот се подготвува да го пренесе процесот во втората фаза. Иако овој модел се фокусира само на визуелната перцепција, сепак според него чувството на „свесност“ е само илузија, серија од кратки „слики“ кои се спојуваат во едно со помош на другите когнитивни процеси, како меморијата.

2. Мозокот се синхронизира за да создаде свест

(2)10-udi-teorii-za-chivechkaa-svest-kafepauza.mk

Теоријата за нервна синхронизација постои од 2007 година и е многу повеќе за механизам зад свеста, отколку за самата природа на свеста. Во неколку истражувања се покажало дека несвесното процесирање на стимули активира исти делови од мозокот како и свесното реагирање. Ова ги натерало истражувачите да се запрашаат дали може да се најде нешто што ги прави двете различни. Се открило дека се случува некаква „глобална синхронизација“ за време на свесното процесирање, додека кај несвесното се појавувала локална координација. Тимот кој работел на ова верува дека ова е вистинскиот нервен потпис на самата свест.

3. Секоја мозочна клетка е свесна

(3)10-udi-teorii-za-chivechkaa-svest-kafepauza.mk

Иако перципираме разни елементи индивидуално, искуството кое го паметиме е една целина. Ова спојување на стимулите е проблематично бидејќи нема објаснување за тоа како се случува. Теоријата за единствен неврон смета дека секој неврон има одредено ниво свест. Како и луѓето, така и невроните се способни свесно да собираат информации па токму ова е причина за унифицираното искуство. Ова се совпаѓа и со квантната поврзаност, според која две честички секогаш се однесуваат исто, без разлика на растојанието помеѓу нив.

4. Теоријата за повеќе умови

(4)10-udi-teorii-za-chivechkaa-svest-kafepauza.mk

Според оваа теорија секој настан си создава своја независна реалност, различна од нашата, но сепак реална. Ова сугерира дека универзумот не се менува, туку се менува нашата перспектива за него. Ако постои бесконечен број на резултати од секоја акција, „разгранувањето“ на мултиверзумот кога се случува нешто е само промена на нашата перцепција. Ако постојат милиони копии од секој од нас во физички алтернативни универзуми, тогаш нашиот мозок мора да биде поврзан со тие милиони умови. Во спротивно нашите „копии“ би биле без ум. Ова укажува дека нашата свест всушност не може да исчезне бидејќи нашата перспектива ќе се промени за време на, или веднаш пред смртта.

5. Свеста е пасивна

(5)10-udi-teorii-za-chivechkaa-svest-kafepauza.mk

Според оваа теорија, секој од нас прекумерно размислува за свеста. Сè што перципираме не е создадено од свесниот процес. Свеста само ни дава информации без контрола над нашите акции. Ги перципираме нашите мисли, чувства и постапки како „наредби“ од свеста, кога всушност само ѝ придаваме преголемо значење. Свеста е како Интернет – може да се користи за многу нешта, но нема слободна волја и зависи од „корисникот“.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар