10 луди теории на заговор кои испаднало дека се вистинити

10 луди теории на заговор кои испаднало дека се вистинити

Велат дека вистината е почудна од фикцијата. И тоа е точно! Сите овие „теории на заговор“ испаднало дека се вистинити! По овие сознанија со сигурност ќе почнете да го гледате светот со други очи. Прочитајте за што станува збор…

1. Проектот со мртви бебиња

10 луди теории на заговор кои испаднало дека се вистинити

Забавно е кога им се смееме на теориите на заговор, освен ако не испадне дека биле вистинити. Земете го за пример „Проект Сончева светлина“. По бомбардирањето на Хирошима и Нагасаки, американската влада спровела големо истражување за да види какво е влијанието на нуклеарниот отпад врз човечкото тело.

Теорија на заговор: Владата крадела мртви тела за да спроведува радиоактивни тестирања.

Вистината: Владата крадела делови од мртви тела. Со оглед на тоа што им требало младо ткиво, тие регрутирале голем број агенти кои имале задача да бараат неодамна починати бебиња и деца. Тие земале нивни примероци (понекогаш и цели екстремитети) без да побараат дозвола или да им дадат известување на повеќе од 1.500 семејства.

2. Штетен алкохол

10 луди теории на заговор кои испаднало дека се вистинити

Теорија на заговор: За време на прохибицијата, владата го труела алкохолот за луѓето да не го пијат.

Вистината: Произведувачите на индустриски алкохол го мешале нивниот производ со опасни хемикалии со години пред да започне прохибицијата. Но, помеѓу 1926 и 1933 година, федералната влада ги принудила произведувачите да користат посилни отрови. Тоа не ги спречило дилерите на алкохол, ниту нивните муштерии и до крајот на прохибицијата, околу 10.000 Американци умреле поради затруениот алкохол.

3. Првата дама која владеела со земјата

10 луди теории на заговор кои испаднало дека се вистинити

Теорија на заговор: Претседателот Вудроу Вилсон доживеал мозочен удар и не бил способен да управува со државата, па затоа неговата сопруга ја презела власта.

Вистината: Вилсон навистина доживеал мозочен удар кон крајот на неговиот мандат, но владата мислела дека во интерес на државата е да не се кажува ништо. Јавноста со месеци не знаела за ударот, а во тој период неговата сопруга, Едит Вилсон ги донесувала повеќето извршни одлуки. Иако госпоѓа Вилсон тврди дека била само помошничка, историчарите потврдуваат дека таа навистина била претседателка.

4. Импресивната плата на Далај Лама

10 луди теории на заговор кои испаднало дека се вистинити

Теорија на заговор: Далај Лама е агент на ЦИА.

Вистината: Причината зошто Далај Лама се смее на сите фотографии можеби е поврзана со милионската плата што ја „извлекол“ од американската влада во 1960-тите години. Според некои тајни документи, тој заработил 180.000 кога ЦИА го финансирала тибетскиот отпор со 1,7 милиони долари годишно. Главната цел била да се наруши кинеската инфраструктура.

5. Џон Ленон бил надгледуван од страна на владата

10 луди теории на заговор кои испаднало дека се вистинити

Теорија на заговор: ФБИ го шпионирала Џон Ленон од Битлси.

Вистината: Го шпионирала и тоа како! Како и многу други културни херои, Џон Ленон претставувал закана: Песните против војната како што е „Give Peace a Chance“ не му се допаѓале на Никсон. Во 1971 година, ФБИ почнале да го надгледуваат Ленон, а службата за имиграции се обидела да го депортира 1 година подоцна.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар