10 „лоши“ карактерни црти кои можат да бидат добри за вас

10 „лоши“ карактерни црти кои можат да бидат добри за вас

Секој од нас поседува карактерни црти кои општеството ги класифицирало како „лоши“. Вие сте пораснале со критики затоа што вашата соба секогаш била растурена или пак, затоа што сте поминале многу време во одложување на обврските и мечтаење, па токму тоа и влијаело врз вашата самодоверба. Можеби попусто се надеваме, но има шанси овие 10 „лоши“ карактеристики, доколку се погледнат од друга страна, да бидат добри за нас. Барем во одредени моменти. Токму затоа покажете ги со гордост.

10 „лоши“ карактерни црти кои можат да бидат добри за вас

1. Одложување – Вие работите одлично под притисок

Вие постојано одложувате и одложувате, но одеднаш, во последен момент, го надминувате сиот стрес и ја завршувате својата работа во дадениот рок. И покрај тоа што си ветувате дека никогаш нема да ви се повтори тоа, сепак наредниот пат го правите истото. Но, постои и добра страна на одложувањето. Овие луѓе научиле како да работат добро под притисок и стрес, без да дозволат тие да ја преземат контролата врз нивниот живот.

2. Себичност – Вие добро се грижите за себеси

Да се биде себичен е добро, повеќето од времето. Размислете малку и погледнете ги оние кои не знаат никому да кажат „не“. Тие се толку фокусирани на потребите на другите, што воопшто не обрнуваат внимание на себе. Себичноста го елиминира стресот и ви овозможува подобро да се грижите за себе – ментално и физички. Вие знаете кои сте и што сакате.

3. Чувствителност – Вие сте способни за голема емпатија

Оние кои се претерано чувствителни имаат потешкотии со критицизмот, па затоа сè сфаќаат лично, дури и кога станува збор за нешто поврзано со работата. Но, тие исто така поседуваат и свесност за емоциите на другите, па тоа ги прави најдобрите дипломати во просторијата. Да можете да се ставите во туѓи чевли е вредна способност која може да ви помогне брзо да напредувате во животот.

4. Неуредност – Вие сте многу креативни

Некои луѓе не можат да го поднесат хаосот, додека другите лесно го прифаќаат. Најчесто неуредноста се поврзува со мрзливост и недостаток на продуктивност, но историјата ни покажува дека дел од најголемите умови во историјата, како Ајнштајн, Марк Твејн и Стив Џобс имале екстремно растурен работен простор. Една студија дури покажала и дека неуредноста е поврзана со креативноста, што има смисла, ако подобро размислите.

5. Еготизам – Вие имате висока самодоверба

Сите ние знаеме дека личностите со оваа карактеристика знаат да одат до екстреми. Тие доминираат над сите настани и мислат дека сè се врти околу нив, па затоа и луѓето ги одбегнуваат. Но, здравото и силно его најчесто е добро. Тоа значи дека имате цврста самодоверба, задоволни сте со себе и ви се допаѓа тоа што го гледате во огледалото пред вас.

6. Срамежливост – Вие сами можете да постигнете големи нешта

Срамежливите личности се најчесто интроверти кои имаат потешкотии при комуникацијата со непознати или голема група луѓе. И покрај тоа што оваа карактеристика може да делува како маана, сепак срамежливите личности имаат неверојатна моќ самите да дојдат до одлични решенија за даден проблем. Тие сакаат да работат сами, не им треба одобрување, ниту пофалба од другите, па затоа и завршуваат голема работа.

7. Песимизам – Вие воведувате реализам во сите ситуации

Овие личности ја гледаат негативната страна на сите ситуации, па многумина веруваат дека токму поради тоа и не се способни да бидат среќни. Затоа луѓето ги избегнуваат, а тие најчесто имаат само пријатели кои го делат истиот поглед кон светот. Но, вредноста на песимистите доаѓа до израз кога треба да се донесе тешка одлука или решение. Тие имаат моќ да ја согледаат ситуацијата од повеќе агли, овозможувајќи им пореална слика од онаа која ја гледаат оптимистите.

8. Мрзливост – Вие сте иноватор

Мрзливите луѓе не се непродуктивни, тоа е само општо погрешно сфаќање. Тие имаат тенденција да ги завршуваат своите обврски со најмалку вложен труд додека постојано мечтаат. Токму затоа и тие се големи иноватори. Мрзливците го поминуваат своето време во откривање на најлесните начини да завршат одредена работа и се многу добри во наоѓање плата за онаа работа која вистински ја сакаат.

9. Импулсивност – Вие имате способност за брзо донесување одлуки

Оваа карактерна црта води кон преземање ризици, искажување на сè што ќе им падне на памет, како и носење одлуки брзо и без дополнително двоумење. Овие индивидуи се оние кои наутро се будат, решаваат да продадат сè што имаат и да одат на пат околу светот. Ова однесување најчесто ги води кон онаа насока во која сакаат да се движат и живеат живот кој никогаш не е здодевен.

10. Цинизам – Вие никогаш не сте жртви на измами

Циничните луѓе гледаат заговори насекаде и веруваат дека „злото“ демне од секој човек. Тие се сомневаат во сè и сешто, па затоа и ги преиспитуваат сите постапки и настани. Но, здравата доза цинизам е одлична бидејќи ве спречува да станете жртва на измами. Циничните луѓе прават сè внимателно, што е ретка особина во денешниот начин на живеење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар