Претходно
10 лаги што сите девојки си ги кажуваат пред вечерното излегување
Понекогаш самите сме си најлоши непријатели. Особено ако сте жена и станува збор за изгледот. Освен тоа што намерно патиме во супер тесните или непрактични парчиња облека и високи потпетици во кои одвај стоиме на место, уште се лажеме и самите себе. Погледнете кои се типичните лаги кои секоја жена ги изговара во огледалото пред вечерното излегување.
1. Можеби сега ме болат стапалата од високите потпетици, но сѐ ќе биде во ред кога ќе излезам од дома и ќе ги разодам
2. Ќе испијам само неколку пијалаци пред излегување – нема шанси да испијам премногу или да заспијам пред да излезам од домот
3. Ќе сокријам малку пари во градникот за да се вратам назад со такси… сигурно нема да ми падне на памет во 3 часот наутро, на шанкот од некој ноќен клуб, да барам во градникот пари за да купам уште еден пијалак
4. Вечерва нема да разговарам за работата
5. Нема на некој непознат да му ги откријам своите најмрачни тајни
6. Нема да ја поминам вечерта во длабок разговор со само една личност, туку ќе бидам друштвена и ќе разговарам со сите
7. Нема да му пратам порака на бившиот, бидејќи тоа е непотребно. Повеќе не мислам на него, па зошто да го направам тоа?
8. Ќе бидам кралица на подиумот и нема да испробувам никакви нови движења
9. Вечерва е вистинска женска вечер и ќе ја поминам само со девојки, а момчињата потполно ќе ги игнорирам
10. Ќе се однесувам како дама!
Доколку сакате да заштедите време за смислување на модерна, уникатна и впечатлива модна комбинација, ви предлагаме да погледнете неколку интересни комбинации за вечерно излегување.