10 култни симболи и нивното вистинско значење
6. Ружа на ветрови
Првата појава на овој симбол датира од 1300 година п.н.е. Ружата на ветровите е симбол на водечката светлина и амајлија на морнарите. Тие дури и правеле тетоважи од неа во 18-ти и 20-ти век. Ружата на ветровите ја цртале и на мапите за да означат разни делови од светот.
7. Свастика
Првата појава на овој симбол датира од 8000 година п.н.е. Свастиката е симбол на среќа, создавање и просперитет. Според азиските и индиските верувања, таа го означува сонцето. Во англиските говорни подрачја, таа станала популарна на почетокот од 20-ти век и се верувало дека ги спојува четирите Л (L): Светлина (Light), Љубов (Love), Живот (Life) и Среќа (Luck). Откако нацистичките Германци го презеле симболот, многу земји го забраниле и го отфрлиле од употреба.
8. Двоглав орел
Овој симбол се појавил во 3000-4000 година п.н.е. Според хиндуистичките легенди, двоглавиот орел Гандаберунда бил симбол на космичката рамнотежа. Во будизмот тој ја означувал моќта на Буда. Во исламот ја означувал апсолутната моќ на султанот. Орелот се појавува во многу култури и религии и секогаш претставува симбол на моќ и сила. Последната негова појава е забележана во Русија каде што станал официјален грб на државата.
9. Полумесечина
Овој симбол најпрво се појавил во 3500 година п.н.е. и бил употребуван во Египет, Грција, Индија, Византија и Сумерското царство. Христијаните го негувале овој знак како симбол на Дева Марија. Во Азија тој ги означувал космичките моќи, а во Индија контрола на умот. Полумесечината почнала да се поврзува со исламот во 1453 година по падот на Константинопол.
10. Пентаграм
Петокраката ѕвезда најпрво се појавила во 3500 година п.н.е. Пентаграмот се сметал за заштитен знак против злите сили. Вавилонските трговци го цртале на нивните врати за да се заштитат од крадци. Питагора го сметал за математичко совршенство кое го содржи златното значење. Во раното христијанство, превртениот пентаграм бил симбол на Исус, но Елифас Леви го протолкувал како симбол на Сатаната.
Доколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте за 4-те најмоќни мандала симболи од келтската култура и нивните скриени значења.