10 култни симболи и нивното вистинско значење
Постојат многу симболи за кои се верувало дека поседуваат огромна ноќ. Но, понекогаш значењата на симболите се менуваат и работите што сме ги знаеле за нив имаат сосема друга мистериозна историја. Во продолжение дознајте ги тајните на најпознатите симболи во светот…
1. Хигиин пехар
Пехарот со змија, што можеме да го видиме на многу аптеки, е познат како Хигиин пехар. Хигија е античка грчка божица на здравјето, хигиената и чистотата. Змијата е симбол и на смртта и на бесмртноста, бидејќи нејзиниот отров може да убие и да излечи. Пехарот најпрво бил употребуван од страна на падованските аптекари во Средниот век.
2. Уроборос
Најстарите податоци за Уроборос датираат од 4200 година п.н.е. Овој симбол бил многу популарен во религијата, магијата, алхемијата, митологијата и психологијата. Уроборос го означува циклусот на живот и смрт. Во различни култури тој означувал работи без почеток или крај, јин и јанг, добро и зло и слично.
3. Давидова ѕвезда
Овој симбол бил многу популарен уште во 3000 година п.н.е. и бил знак на срцевата чакра, односно претставувал комбинација од машките и женските принципи. Во 1354 година, римскиот император Чарлс Четврти им дозволил на Евреите од Прага да имаат свое знаме и тие ја прогласиле Давидовата ѕвезда за нивен симбол.
4. Јин Јанг
Јин Јанг потекнува од 1-виот или 3-тиот век п.н.е. и бил застапен во будистичките верувања. Во Кина и Јапонија, овој симбол го има истото значење. Јин, темнината и Јанг, светлиот рид на планината ги означуваат спротивностите. Тие се хранат меѓусебно и се надополнуваат. Нема крај и победа во оваа битка.
5. Коловрт
Најраната појава на овој симбол датира од 2000 г. п.н.е. Симболот се појавува во Азија, Блискиот Исток и Египет. Коловртот е симбол на сонцето и го означува животниот циклус. Подоцна, тркалото на среќата се појавило како симбол на променливата судбина. Неговите запци наизменично носеле среќа и несреќа.
Продолжете на следната страница за останатите симболи…