10 кучешки заповеди: Препораки од кучињата за сите сегашни и идни сопственици

10 кучешки заповеди: Препораки од кучињата за сите сегашни и идни сопственици

Ова се 10 упатства кои секој сегашен или иден сопственик на куче треба да ги знае.

10 кучешки заповеди: препораки од кучињата за сите сегашни и идни сопственици

1. Мојот живот веројатно ќе трае помеѓу 10 и 15 години. Секоја разделба од тебе ќе ми биде болна. Имај го тоа на ум пред да ме набавиш.

2. Дај ми време да сфатам што сакаш од мене.

3. Имај доверба во мене, тоа ми е важно.

4. Немој да ми се лутиш долго и не ме казнувај со затворање. Ти имаш своја работа, забава, пријатели, јас те имам само тебе.

5. Зборувај ми. Ако не ги разбирам твоите зборови, го разбирам твојот глас кога ми зборуваш.

6. Имај на ум дека никогаш нема да заборавам како се однесуваш со мене.

7. Пред да ме удриш знај: имам заби со кои лесно би можел да ти откинам рака, но сепак избирам да не го направам тоа.

8. Пред да ме искараш дека не сум те послушал или сум бил мрзлив или тврдоглав, запрашај се дали нешто можеби ме мачи. Можеби не ја добивам храната што ми треба или предолго сум бил на сонце или едноставно стареам, па срцето ми ослабело.

9. Грижи се за мене кога ќе остарам. И тебе ќе ти се случи истото.

10. Појди со мене на тешко патување. Никогаш не вели „не можам да го гледам и него таму“ или „додека ме нема, грижи се да добива тоа и тоа“. Можеби би си поминал полесно без мене, ама јас поднесувам сè полесно кога сум покрај тебе.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар