10 криптовалути кои се алтернативни на биткоинот

10 криптовалути кои се алтернативни на биткоинот

Досега сигурно сте слушнале за биткоин (Bitcoin). Кога оваа валута достигна вредност од неверојатни 18.000 долари, стана навистина популарна. Но многу луѓе не се сигурни што навистина претставува биткоинот. Сигурно сте ги слушнале термините како криптовалута или блокчејн технологија, но нивното значење ви е навистина апстрактно. Едноставно кажано, криптовалутите се алтернатива на стандардниот монетарен систем.

Тие се дигитална валута која се потпира на криптографија за да прави безбедни трансакции. Криптовалутите се децентрализирани – немаат централна банка или администратор. Блокчејн технологијата е она што им овозможува на криптовалутите да постојат. Таа претставува еден вид книга во која анонимно се запишани сите трансакции. Биткоинот е оригинална криптовалута и моментално најпозната. Но сепак, на пазарот се појавуваат и некои алтернативи кои полека го привлекуваат вниманието.

1. Етереум (Ethereum)

(1)10-kriptovaluti-alternativni-na-bitkoinot-kafepauza.mk

Ова е можеби второто најголемо име во светот на криптовалутите. Етереумот е основан од шведска непрофитна организација во 2014 година. За разлика од биткоинот, кој користи блокчејн за запишување на трансакциите, етереумот е отворена платформа која им овозможува на сите да создаваат или користат децентрализирани апликации користејќи блокчејн. Едноставно кажано, етереумот како платформа им овозможува на луѓето да прават апликации без потреба да градат сопствен блокчејн.

2. Деш (Dash)

(2)10-kriptovaluti-alternativni-na-bitkoinot-kafepauza.mk

Заснована на биткоинот, деш е криптовалута со фокус на плаќањето. Таа нуди пренослива и прифатлива форма на пари кои можат да бидат потрошени и онлајн, и во живо. Надоместокот за трансакција е минимален, а сите трансакции се безбедни. Деш нуди 2 сервиси – InstantSend и PrivateSend. InstantSend им овозможува на корисниците да направат трансакција за неколку секунди, за разлика од биткоинот за чии трансакции може да биде потребен и до 1 час. PrivateSend им овозможува на корисниците да ги мешаат своите пари со други праќачи во една трансакција со што е овозможена малку поголема приватност.

3. Зкеш (Zcash)

(3)10-kriptovaluti-alternativni-na-bitkoinot-kafepauza.mk

Оваа криптовалута е фокусирани на приватноста и е пуштена во употреба во 2016-та година. Зкеш има многу сличности со биткоинот, како на пример и двете валути имаат максимум 21 милион единици. Но додека биткоин ги запишува трансакциите во јавна книга, зкеш е криптовалута која нуди вистинска анонимност. Иако во трансакциите со биткоините не се користи реално име, сепак е можно некој да ја пронајде вашата IP адреса. Кај зкеш ова е речиси невозможно.

4. Монеро (Monero)

(4)10-kriptovaluti-alternativni-na-bitkoinot-kafepauza.mk

И на монеро главниот фокус е приватноста и е валута која не остава никаква трага. Монеро не е направена според биткоинот. Креаторите тврдат дека ова е единствената криптовалута која нуди комплетна приватност за продавачот, купувачот и сумата. Разликата помеѓу зкеш и монеро е тоа што кај зкеш вие одбирате дали трансакцијата е анонимна, додека кај монеро сите трансакции се автоматски приватни.

5. НЕО (NEO)

(5)10-kriptovaluti-alternativni-na-bitkoinot-kafepauza.mk

Оваа криптовалута е нарекувана и кинески етереум. Двата проекти имаат многу заеднички работи, а разликата е во тоа што НЕО е поддржана од кинеската влада, додека етереум не е поддржана од никоја влада во светот. Друга разлика е програмскиот јазик кој го поддржуваат. Етереум има сопствен јазик, Солидити, кој програмерите мора да го научат ако сакаат да пишуваат договори или апликации. НЕО поддржува неколку програмски јазици, вклучувајќи ги Ц# и Јава, а сега постои план за поддршка на Го и Пајтон. Очигледно ова е попривлечно за програмерите кои веќе ги знаат овие јазици.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар