10 корисни трикови од татковци кои знаат што прават
Татковците можат да направат сè! Тие ги смислуваат најдобрите игри, знаат како да им направат плетенки на своите ќерки и ги учат синовите да играат фудбал како Роналдо. Доколку и вие сакате да бидете подобри во својата улога на родители, тогаш погледнете ги овие тајни трикови од татковци што владеат на секое поле од родителствтото!
1. Стегач за коса направен од декоративна жица
Користете декоративна жица за да направите одличен стегач за коса. На тој начин лесно ќе ја спречите косата да паѓа на лицето, без притоа да се мачите со сплеткани прамени.
2. Тркачка лента на маица
Земете неколку фломастери и нацртајте улици за трки на задната страна од некоја ваша стара маица за децата да можат да си играат со колички додека истовремено добивате и бесплатна масажа.
3. Запалка од шпагети
Можете лесно да ја запалите секоја свеќа во домот користејќи само суви шпагети и огнот од шпоретот.
4. Играње видео игри
Доколку сакате да ја играте вашата омилена видео игра, но вашите деца не ви дозволуваат да го сторите тоа без нив, едноставно извадете ги батериите од вториот џојстик и дајте им го така. Ќе биде двојна забава да се игра на овој начин!
5. Влошки за поставеност на нозете
За да ги научите вашите деца на одреден спорт, најпрво мора да им покажете како правилно да стојат. Најлесниот начин да го сторите тоа е доколку поставите стари влошки за чевли во соодветната позиција за нозете.
Продолжете на следната страница за повеќе трикови!