10 клучни принципи за пронаoѓање среќа

10 клучни принципи за пронаoѓање среќа

Сите копнееме по среќата. Но, за жал, често гледаме во погрешна насока. Парите, материјалните добра и статусот се патеките кои луѓето ги избираат за да ја најдат целта во својата потрага по среќата, иако на сите ни е веќе добро познато дека овие компоненти нудат само едно привидно, краткотрајно задоволство. Долгогодишните емпириски истражувања покажуваат дека ваквите популарни стратегии за пронаоѓање на среќата немаат никакви долгорочни ефекти. Во продолжение прочитајте ги 10-те научно докажани принципи за максимизирање на среќата и научете како вистински да уживате во задоволствата кои животот ги нуди.

10 принципи за пронаоѓање среќа

1. Благодарност: Истражувањата покажуваат дека дури и самото правење листа со работите и луѓето на кои сте им благодарни, може да го подобри вашето расположение и среќа, воопшто. Додека често знаме да се жалиме за работите или да ги земаме здраво за готово, не треба да забораваме секојдневно да се фокусираме на оние нешта за кои сме благодарни.

2. Оптимизам: Гледајќи ја чашата полуполна наместо полупразна има огромен ефект врз расположението, среќата па дури и физичкото и психичкото здравје. Според истражувањата, оптимистичкиот стил се поврзува со еден голем дијапазон на здравствени придобивки, па дури и долговечност.

3. Општествени и социјални споредби: Постојано сме склони да се споредуваме со другите, независно дали станува збор за позитивни или негативни компарации, гледајќи ги оние кои имаат повеќе и оние кои имаат помалку од нас. Врз основа на овие забелешки, често се критикуваме себеси и нашите избори, безбедност, интелигенција, физички изглед, среќа итн. Доколку навистина сакаме да бидеме среќни, тогаш треба да престанеме да се споредуваме и да се прифатиме себеси со сите свои маани и предности, независно колку клише звучи тоа.

4. Свесност: Понекогаш нашите одлуки можат да бидат нејасни и замаглени бидејќи сѐ уште размислуваме за минатото или се грижиме за иднината. Таква е човечката природа. Со тоа што ќе се обидеме да работиме и да функционираме на еден сегашен и посвесен пристап во животот, значително ќе ги зголемиме шансите да ја пронајдеме сопствената среќа.

5. Опростување: Ослободувањето од лутината и омразата кон другите е клучно доколку сакаме да бидеме посреќни. Веројатно многу луѓе ни згрешиле во животот, а несомнено и ние сме им згрешиле на другите. Фокусирањето на опростувањето на другите и на самите себеси е повеќе од потребно за нашата среќа и благосостојба.

6. Сочувство: Да се биде внимателен со потребите и чувствата на другите, обидот да се ставиме на нивно место и да се однесуваме соодветно на ситуациите прават чуда во зголемувањето на личната среќа. Ова може да биде изненадувачко ако се земе предвид фактот дека нашите обиди да бидеме посреќни често се јавуваат како последица од нашите себични мотиви и желби, а сепак кога сме несебични и дарежливи сме и посреќни.

7. Стрес менаџмент: Можеби нема секогаш да ги контролираме стресните ситуации во животот како што се опасностите или губењето на некое пријателство или врска, но можеме да реагираме на стресот со добри алатки за менаџирање. Тука се вклучува однесувањето, општествената поддршка, организацијата на времето, одбивањето на понуди и покани кои не сакаме да ги прифатиме и други стратегии за сопствената грижа кои ќе ни помогнат да бидеме помалку нервозни и помалку анксиозни.

8. Општествена поддршка: Нашата индивидуалистичка култура може да го отежни осигурувањето и снабдувањето со општествена поддршка. Да се има една важна поддршка од пријателите, семејството, колегите и соседите значи многу за среќата и потрагата по неа.

9. Разумни очекувања: Често имаме големи очекувања и од себе и од другите, што резултира и со големи разочарувања. Мора да поработиме на одржувањето разумни очекувања од другите и од животните околности за да можеме успешно да си ја обезбедиме среќата и секојдневните задоволства.

10. Грижа за телото и душата: Луѓето знаат да ги занемарат своите физички и духовни потреби и својата општа психофизичка состојба со цел да го поминат денот, а, вежбите, духовните практики и социјалната поддршка се типично првите елементи кон кои се вртиме кога се чувствуваме анксиозно, нервозно и загрижено. Да се биде свесен за својата физичка и духовна состојба резултира во едно повисоко ниво на среќа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар