10 кинески мудрости кои ќе ви ја вратат вистинската перспектива кон животот

10 кинески мудрости кои ќе ви ја вратат вистинската перспектива кон животот

Ако постои нешто што никогаш нема да ни здодее, тоа се старите кинески мудрости. Во овие кратки и јасни мисли, доколку навистина сакате, можете да го пронајдете одговорот на секое прашање, како и смислата на самиот живот.

10 кинески мудрости кои ќе ви ја вратат вистинската перспектива кон животот

1. Птицата не пее затоа што го знае одговорот. Таа пее затоа што ја знае песната.

2. Во раката која дава цвеќиња секогаш останува нешто од миризбата.

3. Немој да се плашите од бавното одење, плашете се од стоењето.

4. Ако на човекот му дадеш риба, ќе го нахраниш за еден ден, но ако го научиш да лови риба, ќе го нахраниш за цел живот.

5. Не го правете она кое не сакате никој да го дознае.

6. Добриот совет е како горчлив лек.

7. Кога сакате да ја проверите длабочината на потокот, не го правете тоа со двете нозе.

8. Ако постои убавина во карактерот, ќе има хармонија во домот. Ако постои хармонија во домот, ќе има ред во нацијата. Ако постои ред во нацијата, ќе има мир во светот.

9. Немојте да стоите покрај водата и да мечтаете за ловење риби, туку отидете дома и исплетете мрежа.

10. Ниту илјадници лаги не вредат како една вистина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар