10 катастрофални предвидувања за 2018-та година
Постојано читаме за разни интересни предвидувања, кои понекогаш можат да бидат и по малку застрашувачки. Постојат стотици претскажувања, но слободно можеме да кажеме дека следниве 10 се едни од најдобрите. Прочитајте ги и размислете кои од нив би можеле навистина да се остварат…
1. Вулканот Везув ќе еруптира
Нострадамус предвидел дека во 2018-та година оваа ерупција ќе ја потресе цела Италија. Можеме само да се надеваме дека нема да дојде до тоа. Ерупцијата на овој вулкан би била катастрофална.
2. Демократите ќе преовладуваат во Претставничкиот дом на САД
Поголемиот дел од членовите во Претставничкиот дом на САД се Републиканци, но тоа би можело да се смени во блиска иднина. Сѐ може да се случи кога е во прашање политиката.
3. Глобалната економија ќе доживее колапс
Ова е уште едно предвидување на Нострадамус. Тој предвидел дека финансискиот колапс ќе се случи поради презирот кон „статусот кво“.
4. Кина ќе стане новата светска суперсила
САД нема повеќе да биде на врвот според Баба Ванѓа. Многумина веруваат дека оваа жена, која починала на 90-годишна возраст, го предвидела терористичкиот напад 9/11. Сведоци сме дека во светот постојано растат тензии од различен вид, поради што ова предвидување можеби е пореалистично одошто би сакале да признаеме.
5. Се ближи Третата светска војна
Според Нострадамус, Третата светска војна можеби ќе започне во 2018-та година и ќе трае цели 27 години. Оваа војна помеѓу големите сили ќе предизвика големи штети. Малкумина ќе можат да уживаат во мирот што ќе следува.
6. Ќе биде најдена нова форма на енергија на Венера
Ова претскажување било направено од страна на Баба Ванѓа и изгледа малку неверојатно со оглед на тоа што моментално нема планови да се испратат вселенски летала на Венера. Којзнае, можеби работите ќе се променат?!
7. Ќе има многу катастрофи предизвикани од земјотреси и вулкани
2018-та ќе биде бурна година поради топењето на Алјаска и постојаните земјотреси. Меѓутоа, токму поради ова, многу држави ќе се обединат и ќе формираат сојуз. Нострадамус исто така предвидел дека ќе има многу земјотреси во 2018-та година.
8. Повторно ќе почнеме да користиме Мајспејс
Џенифер Грајгел е професор асистент по комуникации на Универзитетот во Сиракуз и таа верува дека луѓето повторно ќе почнат да користат Мајспејс.
„Многу луѓе користат Фејсбук цели 10 години и мислам дека копнеат по поголема меѓучовечка поврзаност. Не би се изненадила ако сведочиме на враќањето на некои социјални платформи како што е Мајспејс“, изјавила таа.
Дали би се префрлиле на Мајспејс ако навистина стане повторно популарен?
9. Ким Јонг-ун ќе ја изгуби власта
Крег Хамилтон Паркер е самопрогласен пророк кој успеа да предвиди дека Трамп ќе стане претседател и дека Велика Британија ќе излезе од Европската унија. Освен тоа, тој предвидува уште повеќе терористички напади и масовни штрајкови во Велика Британија.
10. Путин повторно ќе стане претседател
Со оглед на тоа што Алексеј Навални нема да може да се кандидира за претседател на Русија поради тоа што е обвинет за корупција, постои голема веројатност ова навистина да се случи. Сосема возможно е Путин да остане доминантната политичка фигура во Русија цели 25 години.
Прочитајте и за следниве 12 неверојатни предвидувања од книги кои се исполниле.