10 изненадувачки факти за осаменоста
Се претпоставува дека над 40% од луѓето ќе почувствуваат силна осаменост во одреден момент од животот. Но, дури и покрај нејзината распространетост, сепак малкумина се свесни за драматичните начини на кои таа влијае врз нас. Погледнете ги следниве 10 изненадувачки факти за осаменоста кои ќе го променат начинот на кој гледате врз оваа честа, но застрашувачка психолошка состојба.
1. Осаменоста не зависи од бројот на пријатели и врски кои ги имате. Таа целосно зависи од субјективниот квалитет на вашите врски. Со други зборови, осаменоста зависи од фактот дали можете емоционално и/или социјално да се исклучите од оние околу вас. Токму затоа…
2. Повеќе од 60% од осамените луѓе се во брак. Кога брачните парови повеќе не ги споделуваат своите најдлабоки емоции, мисли и искуства еден со друг, тоа може да ги остави со чувства на оддалеченост и осаменост. Луѓето во овој вид врски веруваат дека нивниот партнер не може да им ја понуди поврзаноста која тие ја посакуваат. И покрај тоа што нивните стравови се можеби вистинити, тие исто така можат и да настанат поради фактот дека…
3. Осаменоста ја разобличува перцепцијата на врските. Студиите откриле дека доволно е само да ги прашате луѓето да се навратат на времињата кога биле осамени со цел да ги натерате да го променат својот поглед кон моменталните врски. Овие перцептивни изобличувања често можат да предизвикаат луѓето дополнително да се оддалечат од оние кои би можеле да им ги олеснат чувствата на осаменост. Да биде уште полошо, нивните пријатели исто така би можеле да се двоумат дали да им пристапат бидејќи…
4. Осаменоста е заразна на социјалните мрежи. Таа има една јасна карактеристика: Ние имаме тенденција да ги забележиме и идентификуваме осамените луѓе околу нас. Една студија открила дека во период од 6 месеци, осамените луѓе биле истуркани на периферијата од социјалните мрежи и за изненадување, тоа им се случувало и на нивните пријатели. Ваквото туркање на страна има изненадувачки ефект врз нашите тела…
5. Осаменоста всушност може да направи да се чувствуваме поладно. Студиите откриле дека доволно е само да се потсетите на времето кога сте се чувствувале осамено со цел да помислите дека температурата околу вас е пониска. Ова размислување води и кон намалување на температурата на кожата. Навистина нашите тела одговараат драматично на осаменоста…
6. Осаменоста ги прави нашите тела да се чувствуваат како да се нападнати. Таа создава моментални и сериозни телесни реакции како зголемување на крвниот притисок, холестерол и активирање на физичките и психолошките реакции на стрес. Токму затоа…
7. Хроничната осаменост значително го зголемува ризикот од кардиоваскуларна болест. Со тек на време, луѓето кои се хронично осамени можат да се здобијат со кардиоваскуларна болест бидејќи нивните тела се константно изложени на стрес. Но, тоа не е единствениот начин на кој таа влијае врз нашето тело…
8. Осаменоста го намалува функционирањето на нашиот имунитет. Таа може да создаде имунитетот да работи неефективно, што со тек на време го зголемува ризикот од развивање различни видови болести. Дури и краткотрајното изложување на осаменоста влијае врз нашиот имунитет, токму затоа…
9. Студентите кои се чувствуваат осамено имаат послаба реакција на вакцините за грип. Доволни се само неколку недели осаменост со цел да се наруши имунитет до тој степен што дури телото нема да може да биде отпорно на болести од кои со мала надворешна помош може да се заштити. Сè на сè, осаменоста застрашувачки влијае врз нашето тело…
10. Таа е опасна исто како и цигарите. Научниците заклучиле дека поради нејзиното драстично влијание врз нашето тело, таа претставува огромен ризик за нашето долгогодишно здравје и долговечност, исто како и пушењето цигари. Всушност, студиите покажуваат дека хроничната осаменост го зголемува ризикот од предвремена смрт за неверојатни 14%.