10 изненадувачки факти за луѓето кои веруваат дека Земјата е рамна
Веројатно веќе имате слушнато дека голем број луѓе веруваат дека Земјата е рамна, без разлика на многубројните докази кои го покажуваат спротивното. Тие веруваат дека тврдењето дека Земјата е сфера е теорија на заговор раширена од владите, вселенските агенции и приватните корпорации. Обидувајќи се да докажат дека Земјата е рамна, овие луѓе одат навистина далеку, а понекогаш имаат и навистина смешни тврдења. Па, погледнете неколку факти за нив кои веројатно не сте ги слушнале.
1. Веруваат дека Марс е сфера
Во 2017-та година, Елон Маск на Твитер го постави прашањето: „Зошто нема здружение за рамен Марс?“. Здружението за рамна Земја одговори: „Здраво Елон, благодариме за прашањето. За разлика од Земјата, Марс има форма на сфера.“
Овој одговор беше навистина изненадувачки, бидејќи логично е да веруваат дека и Марс е рамен. Член на здружението за рамна Земја изјавил дека Марс можеби е рамен, но дека нема доказ за тоа.
Друг корисник на Интернет ги прашал „верниците“ зошто само Земјата би било рамно небесно тело, на што тие одговориле: „Не знаеме. Зошто Земјата е единственото (познато) небесно тело што поддржува живот? Можеби е уникатна или можеби треба да продолжиме со барање.“
2. Планираат патување до работ на светот
Повеќето од луѓето кои веруваат во рамна Земја сметаат дека Земјата е опкружена со ѕидови од мраз, па веројатно ова е причината што никој не паднал од нејзиниот раб. Сега неколку верници планираат експедиција до работ на светот, со цел да ѝ стават крај на дебатата.
Патувањето е планирано од Интернационалната конференција за рамна Земја, а интересно е што ќе користат уреди за навигација кои се засновани на Земја со форма на сфера.
3. Веруваат дека фотографијата од SpaceX со „Ѕвездениот човек“ е лажна
Пред ерата на приватните вселенски патувања, овие луѓе се фокусираа на владините агенции како НАСА и ги обвинуваа дека ја кријат вистината за финансиска добивка. Денес, тие се фокусираат на приватните бизниси како SpaceX.
Во февруари 2018-та година, Елон Маск ја лансираше ракетата Фалкон Хеви заедно со неговиот Тесла автомобил. На возачкото седиште имаше поставено кукла облечена како астронаут, која Маск ја нарече „Ѕвезден човек“ (Starman). Возилото е опремено со камери, а видеото беше пренесувано во живо на Јутјуб. Фотографијата што ја гледате беше најпопуларната од овој подвиг и јасно се гледа дека Земјата не е рамна. Но ова е нешто што верниците на рамна Земја не сакаат да го видат. Тие тврдат дека фотографијата е лажна и го обвинија Маск за криење на вистината.
4. Тврдат дека соларната еклипса докажува дека Земјата е рамна
Соларните еклипси се цврст доказ дека Земјата е сфера. Доколку би била рамна, секој дел од светот би ја гледал еклипсата во исто време. Знаеме дека ова е невозможно поради сферната форма на Земјата. Но, овие луѓе не веруваат во тоа и се убедени дека еклипсите се доказ за нивната теорија. Тие сметат дека месечината би фрлала поголема сенка врз Земјата доколку таа би била сфера. Знаеме дека ова би се случило доколку сонцето беше многу помало и поблиску до месечината.
Овие луѓе исто така веруваат дека сенката на месечината би патувала од исток кон запад, бидејќи наводно сферната Земја ротира од запад кон исток. Повторно, ова би било вистина ако месечината не се движеше побрзо од ротацијата на Земјата. Месечината патува со брзина од околу 3.400 километри на час, додека Земјата ротира со брзина од 1.670 километри на час. Ова значи дека сенката се движи од запад кон исток со брзина од 1.730 километри на час.
5. Веруваат дека лунарната еклипса е предизвикана од неоткриено тело
Лунарните еклипси се уште еден цврст доказ за сферната форма на Земјата. Но овие луѓе повторно не веруваат и имаат навистина интересно објаснување. Тие тврдат дека лунарната еклипса настанува кога мистериозен и неоткриени објект застанува помеѓу Земјата и месечината. Ова е погрешно и лунарната еклипса настанува кога месечината влегува во сенката на Земјата.
Верниците не знаат кој е овој мистериозен објект, но сметаат дека е видлив само кога е помеѓу Земјата и месечината. Астрономите веќе имаат потврдено дека ниту една планета не се нашла помеѓу Земјата и нејзиниот природен сателит.
Продолжува на следната страница…