10 изненадувачки факти за бакнувањето кои сигурно не сте ги знаеле
Бакнувањето е едно од најинтимните нешта кои двајца луѓе може да ги прават. Тоа е универзален знак за љубов и многумина се согласуваат со ова. И иако можеби сте професионалец, уметноста на бакнувањето крие многу повеќе од она што го гледаме. Сакате да научите повеќе? Погледнете ги овие интересни факти за бакнувањето кои сигурно не сте ги знаеле.
1. Французите не го смислиле изразот „француски бакнеж“
Откако британските и американските војници се вратиле дома после Втората светска војна, тие едвај чекале да му го покажат новиот начин на бакнување на своите партнери кој го научиле од Французите. Сепак, Французите многу подоцна го присвоиле овој израз.
2. Вашиот стил на бакнување се развива додека сте во матката
Едно истражување покажало дека повеќето луѓе се бакнуваат со главата навалена на десно. Поставеноста на бебето во матката имала голем удел во ова.
3. Мажите пренесуваат тестостерон со бакнувањето
Со размената на плунка се разменуваат и хормони, а постои доказ дека плунката содржи тестостерон. Овој хормон ја зголемува желбата за секс. Ова покажува дека мажите несвесно, со бакнување се обидуваат да го пренесат овој хормон и да ја зголемат желбата за секс кај жените.
4. Бакнувањето го зајакнува имунитетот
Истражувањата покажале дека со 10-минутно бакнување се пренесуваат околу 80 милиони бактерии. Можеби звучи грозно, но ова всушност го подобрува вашиот имунитет.
5. Бакнувањето ѝ помага на личноста да го избере партнерот
Постојат неколку фактори кои влијаат на изборот: Карактер, кариера и смисла за хумор се само некои од нив. Сепак, и бакнувањето има голема улога. Тоа може да предизвика интерес за поврзување или пак, желба што побрзо да избегате од таа личност.
Продолжува на следната страница…