10-те најпознати и највредни изгубени богатства кои сè уште не се пронајдени

10-те најпознати и највредни изгубени богатства кои сè уште не се пронајдени

Ако пронајдете некое скриено богатство, веднаш ќе станете богати, а можеби дури и познати. Можете да откриете дел од историјата за кој се сметало дека е засекогаш изгубен или пак дел кој не сме знаеле ни дека постои. За разлика од легендите, скриените богатства се секогаш добро документирани. Секој од нас може да налета на нив без предупредување.

1. Паркот Елизијан

(1)10-izgubeni-bogatstva-koi-se-ushte-ne-se-pronajdeni-kafepauza.mk

Овој парк е најстариот во Лос Анџелес и се протега на површина од 240 хектари. На толку голема површина, можеби легендата за богатството кое е изгубено пред 150 години е вистина. За време на војната помеѓу Мексико и САД (1846-1848), Јужна Калифорнија била оспорена територија. И двете страни се бореле за контрола врз земјиштето и предизвикувале страв кај локалната елита.

Легендата вели дека со цел да го заштитат своето богатство, овие луѓе отишле во планините и пештерите на овој парк и го скриле своето злато, накит и многу други вредни работи. Весници од далечната 1896 година кажуваат дека луѓето го барале богатството уште од тогаш. Ако приказните се вистинити, многу е веројатно некои од граѓаните да си го вратиле богатството назад. Ловецот на богатство, Рој Роуш, тврди дека пронашол докази кои можеби укажуваат на локацијата на богатството. До денес никој нема откриено ни дел од богатството во паркот.

2. Езерото Топлиц

(2)10-izgubeni-bogatstva-koi-se-ushte-ne-se-pronajdeni-kafepauza.mk

Високо на Алпите, и длабоко во една планинска шума, езерото Топлиц е идеалното место да скриете украдено злато во вредност од 5,6 милијарди долари. Многу гласини кружат околу езерото, а еден локален граѓанин тврди дека нацистите навистина фрлале злато во него. Тој имал околу 10 години кога завршила Втората светска војна.

Она што до некаде ја потврдува оваа теорија се фалсификуваните белешки кои Хитлер сакал да ги искористи за да ја ослаби британската економија. Овие белешки биле пронајдени во езерото во 1959 година. Езерото е длабоко околу 100 метри и има многу трупци на неговата површина, па истражувањата се ризични и речиси невозможни.

3. Островот Поверти

(3)10-izgubeni-bogatstva-koi-se-ushte-ne-se-pronajdeni-kafepauza.mk

Островот Поверти во езерото Мичиген е дом на еден осамен светилник и многу злато, ако легендите се точни. Денешната вредност на тоа злато била проценета на 400 милиони долари. Постојат многу легенди за потеклото на ова злато, а најпрвата датира од 1750-тите. Според оваа теорија, Британците нападнале француски брод кој сакал да ги воодушеви Индијанците со злато. За да ја спречат намерата на Британците да го украдат златото, капетанот наредил да го фрлат во езерото.

Друга легенда раскажува за Џејмс Стренг чие злато завршило во езерото откако бил оставен од неговата колонија на некој остров во близина. Друга теорија пак смета дека златото припаѓало на Наполеон Бонапарта и било изгубено кога бродот бил нападнат од канадски пирати.

Легендите за ова злато допрва се создаваат, и во 2014 година двајца мажи тврделе дека откриле остатоци од француски брод. Сепак, и 3 години подоцна тие сè уште немаат покажано докази за ова.

4. Кањонот Скелет

(4)10-izgubeni-bogatstva-koi-se-ushte-ne-se-pronajdeni-kafepauza.mk

Овој кањон е сместен долж границата меѓу Аризона и Ново Мексико. Иако голема е веројатноста кањонот да крие неколку богатства, најпознато е пленот на Монтереј. Кон крајот на 19-тиот век американски бандити го ограбиле мексиканскиот град Монтереј. Освен неколку смртни случаи, грабежот бил успешен и бандитите се здобиле со 39 златни цигли, дијаманти во вредност од 1 милион долари, торби со златни и сребрени монети и безброј златни крстови, статуи и други католички артефакти. Бандитите биле бркани, па ова ги натерало да скријат поголем дел од богатството.

Многу од нив умреле на ова патешествие, па така кањонот си го добил името. Постојат неколку извештаи кои тврдат дека низ годините многу луѓе кои поставувале камп на кањонот брзо исчезнувале, па локалните жители сметаат дека богатството било пронајдено. Сепак, сè уште не е потврдено дали ова богатство е пронајдено, па кањонот можеби има само уште некој скелет повеќе.

5. Милионите на Кругер

(5)10-izgubeni-bogatstva-koi-se-ushte-ne-se-pronajdeni-kafepauza.mk

Стефанус Јоханес Полус Кругер, или „чичко Пол“, бил третиот претседател на Јужно Африканската Република повеќе од 17 години при крајот на 19-тиот век. Тој ја напуштил Јужна Африка во 1900-та, 2 години пред да му заврши мандатот. Но, прво си земал нешто за себе. Како што Кругер бегал кон Европа, почнале да се шират гласини дека возот со кој патувал бил полн со злато.

Истражувањата покажале дека не само што биле украдени 1,5 милиони фунти од владата, туку парите полека „исчезнувале“ со месеци. 5 години подоцна, затвореник по име Џон Холцхаузен открил дека бил најмен да го закопа златото и дека тој бил единствениот преживеан од тимот. Во 2001 година едно семејство тврдело дека пронашло дел од златото, а минатата година друг човек тврдел дека го пронашол богатството на дното на браната Емарентија.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар