10 интересни ситуации поврзани со првиот бакнеж
Првиот бакнеж е често волшебен. Ова е момент кога емоциите се најсилни, погледите се полни со мечтаење и ни се чини како времето да застанало за момент. Сите први бакнежи се различни. Тие може да бидат романтични, глупави, слатки… Време е да се потсетите на вашиот прв бакнеж или конечно да го доживеете!
1. Првиот бакнеж е тотално спонтан
Можеби сте планирате совршен момент кога за првпат ќе го бакнете момчето или девојката, одредувајќи го дури и местото и времето. Сепак, има шанси тој да не се случи кога сте планирале и како што сакате.
2. Сите се возбудени пред првиот бакнеж
Без оглед на тоа колку го замислувате вашиот прв бакнеж одново и одново во главата, може да се почувствувате вознемирени кога ќе ги споите усните за првпат.
Ако навистина имате длабоки чувства кон момчето или девојчето со кое го споделувате вашиот прв бакнеж, веројатно не мислите на ништо друго во моментот. Заедно со пеперутките во стомакот, може да почувствувате и трема непосредно пред бакнежот.
3. Вашата сакана личност може да биде збунета
Ако преземете одговорност и одлучите да го направите првиот потег, вашето момче или девојка може да бидат изненадени и да се збунат. Ако тоа се случи, тој / таа може да не возврати веднаш. Не гледајте го ова како знак на одбивање – тоа е природна реакција при моментите кои првпат ни се случуваат.
4. И двете личности може да ги завртат главите на иста страна
Кога момчето или девојчето никогаш се немаат бакнато, тие не знаат како да се однесуваат. Може да се случи и двајцата да ги навалат главите на иста страна, па не сакајќи да го избегнат првиот бакнеж.
5. Можеше да се удрите со челата или со носовите
Не се чувствувајте лошо ако случајно го удрите носот на момчето или девојчето со кое се бакнувате за првпат. Може да се случи некој од вас да биде премногу брз или премногу бавен, па да добиете џумка на челото.
6. Очекувајте вашиот прв бакнеж да биде нежен
Првите бакнежи обично не се толку интензивни како оние што обично ги споделуваат партнерите кои се долго во врска. Очекувајте вашиот прв бакнеж да биде нежен, или невешт поради неискуството.
Ако тоа е вашиот прв бакнеж, сосема е нормално да се бакнете со затворена уста. „Француското бакнување“ со отворена уста генерално е резервирано за поискусните бакнувачи – за мажи или жени во долги врски. Затоа, немојте да бидете напнати и уживајте во моментот.
7. Може да бидете каснати
Немојте да се прашувате дали ќе ве боли ако вашата драга личност случајно ве касне, бидејќи шансите за тоа да се случи се мали.
8. Вашиот прв бакнеж би можел да заврши многу брзо
Освен ако не вклучува јазик, што е малку веројатно, вашиот прв бакнеж би можел да биде побрз отколку што очекувавте. Но, дури и ако трае само неколку секунди, во вашата меморија ќе остане како момент за паметење.
9. Тој може отпосле да ви се чини смешен
Напнатоста и пеперутките во стомакот, по бакнежот може да резултираат со кикотење и смеа поради целиот притисок кој сте го почувствувале пред да се случи.
10. Првиот бакнеж може да биде невешт ако вклучува и јазик
Сосема е веројатно вашиот прв бакнеж да не вклучи јазик, но ако „ве понесе моментот“ може да се случи и тоа. Сепак, би било добро да го одложете таквото бакнување, ако ви се случува првпат, за да ги избегнете непријатностите со вишокот плунка размачкана по вашето лице.
Можеби сакате да прочитате и за 8 работи што можете да ги научите за некого од само еден бакнеж.