10 интересни факти за Закинтос

10 интересни факти за Закинтос

Летувајте со Игуана Турс

iguana-logo

Погледнете ја понудата за Закинтос

Закинтос е најјужниот и третиот најголем остров во Јонското Море. Неговата уникатна местоположба и природните богатства го прават овој остров едно од најубавите и најпогодните места за активен или релаксирачки одмор. Денес ви пренесуваме 10 интересни факти за ова парче од рајот на Земјата.

10-interesni-fakti-za-zakintos-kafepauza.mk

1. Закинтос се наоѓа на 18 километри оддалеченост од пристаништето Килини. Вкупната површина му е 406 квадратни километри, а должината на брегот е 123 километри.

2. Највисоката точка на Закинтос е врвот Врахион (758 м.н.в.), а втората највисока точка е врвот Скопос (492 м.н.в.).

3. Овој јонски остров е именуван според Закинтос, синот на Дарданиј, кој е син на Зевс и Електра (една од седумте Плејади).

4. Во Средниот век жителите на Закинтос се спасиле од отоманското ропство, но затоа биле под власт на Венеција со векови.

5. Најдлабоката точка во средоземниот регион се наоѓа на околу 4.000 метри југоисточно од Закинтос.

6. Закинтос и Родос го делат првото место на листата на места во Грција кои во текот на годината добиваат најмногу сончеви часови.

7. На овој остров има само еден град, со истото име, Закинтос и 44 села.

8. Закинтос започна да прераснува во туристички рај од 1965 година.

9. На Закинтос има преку 35.000 постојани жители и најголем природен прираст во цела Грција.

10. Закинтос за првпат е спомнат во епските дела на Хомер: „Илијада“ и „Одисеја“.

Летувајте со Игуана Турс

iguana-logo

Погледнете ја понудата за Закинтос

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар