10 интересни факти за луѓето од камената доба

10 интересни факти за луѓето од камената доба

Жителите на камената доба не секогаш го добиваат признанието кое го заслужуваат. Популарните недоразбирања ги претставуваат како пештерски луѓе кои не правеле ништо. Но, камената доба опфаќа голем дел од човечката историја, почнувајќи пред околу 3,3 милиони години и траела до околу 3300 година п.н.е. Откритијата од оваа ера откриле многу за нашите предци. „Камените“ луѓе имале индустрии, војувале и имале невообичаени социјални мрежи. Исто така имале неочекувано модерно однесување, изуми и опасности.

1. Фабрика за алатки

10 интересни факти за луѓето од камената доба

Североисточно од Тел Авив во Израел биле пронајдени стотици древни алатки од камења. Откриени се во 2017-та година на длабочина од 5 метри. Артефактите се направени од изумрен вид луѓе. Создадени пред околу половина милион години, овие пронајдоци откриваат неколку работи за човекот познат како Хомо еректус. Се верува дека тие го гледале регионот како некој рај, и го посетувале сезонски. Се верува дека имало доволно вода и храна за да преживеат. Најинтересното откритие е камената индустрија. Луѓето произведувале рачни секири од кремен, најверојатно за копање и сечење месо. Ова откритие е неочекувано поради неверојатната зачуваност, како и поради квантитетот.

2. Го направиле првото вино

10 интересни факти за луѓето од камената доба

Кон крајот на камената доба, во модерна република Грузија, жителите на селата го направиле првото вино. Археолозите го истражувале ова, но им било потребно повеќе од 1 година за да го откријат. Во 2016-та и 2017-та година тие откриле керамички садови од 5400 до 5000 година п.н.е. и ја промениле историјата на виното. Тие пронашле 6 садови во кои имало остатоци од винска киселина. Исто така ја анализирале и бојата на остатоците и откриле дека откриеното вино било бело.

3. Модерни процедури на забите

10 интересни факти за луѓето од камената доба

Во планините на северна Тоскана, имало заболекар кој живеел пред околу 13.000 и 12.740 години. Пронајдени се 2 заба на кои се гледа дека се поправани. Не може да се каже дали се користело некаков анестетик, но јасно е дека се користела остра алатка, најверојатно направена од камен. Пломбата е направена од битумен измешан со влакна од растенија и коса. Битуменот е природна смола и се користела за одредени работи да се направат водоотпорни. Никој не може да објасни зошто косата и влакната биле дел од пломбата.

4. Долгорочно одржување на куќите

10 интересни факти за луѓето од камената доба

Многу деца учат дека луѓето од камената доба живееле во пештери. Но, тие граделе и куќи земјанки. Неодамна се проучувани околу 150 населби од камената доба во Норвешка. Се покажало дека првите куќи веројатно биле шатори направени од животинска кожа. Во норвешкиот мезолит, кој започнал околу 9500 година п.н.е. луѓето граделе домови во дупки. Некои од нив имале површина од 40 метри квадратни, што укажува дека во нив живееле повеќе семејства.

5. Избегнувале инцест

10 интересни факти за луѓето од камената доба

Она што го спасило човечкиот род е можеби раната свесност за инцестот. Во 2017-та година научниците ги пронашле првите докази за ова. Источно од Москва се пронајдени остатоци од луѓе кои ѝ припаѓале на група која живеела пред 34.000 години. Генетската анализа покажала дека се однесувале како модерните заедници на ловци-собирачи кога станувало збор за одбирање партнер. Тие сфатиле дека потомокот со блиското семејство може да предизвика проблеми. Најверојатно барале партнери кај другите племиња. Недостатокот од ова знаење веројатно ги „проколнало“ неандерталците чии ДНК анализи покажуваат знаци на инцест.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар