10 интересни факти за авионите кои сигурно не сте ги слушнале
Тешко е да изненадите искусен патник, но сепак постојат некои работи кои веројатно ги немате слушнато. Погледнете неколку тајни кои им се познати само на вработените на аеродромите и на најљубопитните патници.
1. Куки на крилата
Во повеќето авиони, за да го искористат излезот за итни случаи, патниците треба да стапнат на мазните и лизгави крила. За да се олесни ова, дизајнирана е посебна кука на која се става безбедносно јаже. Со негова помош, патниците можат безбедно да излезат.
2. Секира во пилотската кабина
Според многу закони во многу земји, секирата е опрема за итен случај и мора да се наоѓа во пилотската кабина. Секирата може да помогне кога има оган, да отвори заглавена врата, па дури и да направи нов отвор.
3. Дупчиња на прозорците
Прозорците на авионите имаат 3 слоеви стакло: Надворешниот го одржува притисокот, внатрешниот се справува со штетата настаната од внатре и оној во средината, на кој има и дупче го регулира дотекувањето на воздухот. Ова дупче помага при рамнотежата на притисокот и спречува да настане кондензација помеѓу стаклата.
4. Помошно напојување
Кога се качуваме во авион, секогаш слушаме врева иако моторите не се вклучени. Ова е предизвикано од помошното напојување кое ги напојува системите додека моторот е исклучен. Тоа исто така ги вклучува и моторите.
5. Воздушна воена служба
Луѓето од воената служба патуваат инкогнито и можат да смират проблематичен патник, па дури и да разоружат терорист. САД, Франција, Канада и други земји имаат сопствена воздушна воена служба.
Продолжува на следната страница…