10 интересни факти од кујната
Без разлика дали сте уживатели на одредена храна, гурмани или пак следите некоја диета како ваш животен стил, овие 10 факти од кујната со сигурност ќе ве изненадат, а некои можеби и ќе ве згрозат. Подготвени за предизвикот?
1. Професионалните готвачи најчесто носат бело благодарение на легендарниот француски готвач Мари-Антоан Карем. Уште во раните години на 19-тиот век, тој почнал да носи бела униформа, сметјаќи дека тоа укажува на чистота. Според него, добриот готвач е чист готвач кој може да работи без да ја извалка облеката.
2. Историски гледано, колку капата на готвачот е повисока, толку тој е постручен и поискусен од другите готвачи околу него.
3. Стравот од зеленчук навистина постои и се нарекува лаханофобија.
4. Ентомофагија или исхраната со бубачки е сѐ поактуелна. Се применува поради високиот процент протеини кои го содржат бубачките, нивната крцкавост и карактеристичниот вкус.
5. Во Европа, во 17-тиот век, најголемиот број готвачи биле мажи и работеле голи или само со долна облека бидејќи им било многу топло во кујните.
6. Во Античка Грција се користел еден збор за готвач, месар и свештеник. Тоа е зборот mageiros кој води потекло од зборот магија.
7. Американците трошат повеќе време за гледање телевизиски емисии за готвење отколку што готват.
8. Познатиот готвач Гордон Ремзи изгубил натпревар во сечкање кромид од затворски готвач. По поразот, Ремзи му понудил работа на затвореникот во еден од неговите ресторани по отслужувањето на затворската казна.
9. Грст банани се нарекува рака, а една банана е прст.
10. Најголемата работа која некогаш се нашла на ресторанско мени била полнета камила. Тоа било цела камила полнета со неколку јагниња, 20 пилиња, многу зеленчук и околу 60 јајца.
Автор: Катерина Каланоска