10 интересни држави за кои сигурно не сте чуле
Во светот постојат повеќе од 258 држави, па некои помали, колку и да сакаме, не можеме да ги запаметиме. Во оваа листа ќе ви прикажеме 10 прекрасни мали земји, претставувајќи некои интересни информации за нив.
Република Палау
Република Палау својата независност ја прогласила во 1994 година. Таа е една од најмалите островски држави во светот. Се наоѓа во Тихиот Океан, а во неа живеат околу 20.000 жители. Составена е од околу 200 мали островчиња. Островчињата првпат биле населени пред околу 3.000 години, а на старите мапи тие биле обележани како „The Black Islands“ (Црните острови). Островите низ годините биле под влијание на многу култури, бидејќи низ вековите често биле купувани и продавани од многу земји. Пред осамостојувањето, последни тука биле Британците.
Република Вануату
Оваа малечка островска држава, лоцирана во јужниот дел од Тихиот Океан, има околу 243.000 жители, од кои 90% егзистираат од риболовство и морски животни. Има само еден мал дел од населението кое егзистира од земјоделство. Земјата е неразвиена поради нејзина ранливост од цунами и поплави, бидејќи поради овие фактори многупати била градена и рушена одново. Прекрасната природа, плажите и прекрасната вода, како и релаксираната и мирна атмосфера која владее во земјата, се адутите поради кои овде доаѓаат голем број туристи. Земјата ја прогласила својата независност од Британците во 80-тите години од минатиот век, после десетгодишното движење за осамостојување.
Комори
Комори е африкански остров кој се наоѓа на крајот на Мозамбичкиот Канал. На него живеат околу 800.000 луѓе. Островот почнал да се населува во 6-тиот век, а оттогаш бил под влијание на голем број култури, како на пример персиската култура, свахили културата, онаа од островот Мадагаскар, кој се наоѓа во непосредна близина и од многу други. Во некои исламски белешки пишува дека Бог фрлил скапоцен камен во околните води, кој придонел да еруптира вулкан од што се создал овој остров.
Република Науру
Пред својата независност, овој остров бил освојуван од Британците, Германците и од Јапонците за време на Втората светска војна. Ова е една од најмалите држави во светот со популација од само 9.300 жители, кои живеат на површина од 21 квадратен километар. Порано главна индустрија на оваа островска земја било рударството на фосфати, но рудниците биле минирани во 80-тите години од минатиот век. Во поновата историја, овој остров пред кусо време беше тотално изолиран од светот. Имено, во 2006 година, авиокомпанијата која го опслужуваше островот комплетно се повлече, оставајќи го отсечен. Сепак, 2 години подоцна, летовите повторно беа воспоставени откако компанијата се врати со ново име.
Питкернски Острови
Питкернските Острови се група на четири вулкански оформени острови во Тихиот Океан. Само еден од овие четири острови е населен, а тоа е вториот по големина. Всушност станува збор за остров од 5 квадратни километри. На овие острови вкупно живеат 48 луѓе. Сите жители на овој остров потекнуваат од 4 фамилии, Браун, Јанг, Кристијан и Ворен. Питкернските острови не се суверена држава и се под надлежност на Обединетите Нации. Островите имаат прекрасна локација и многу мирни места за релаксација.
Нагорно-Карабах
Оваа држава предизвикувала спор помеѓу Ерменија и Азербејџан бидејќи по нивното осамостојување од Руската империја, во почетокот на 20 век им припаѓала на двете земји. Земјата добила своја независност при распадот на СССР. Од 1991 до 1994 година државата предизвикала војна помеѓу Ерменија и Азербејџан за придобивање на оваа земја. Земјата е уредена со претседателски систем кој ја има извршната власт, но има и парламент од 33 члена. Во тие 33 члена се застапени 3 партии.
Маршалските Острови
Островите биле пронајдени од страна на европски истражувачи, кои нашле остатоци од претходни цивилизации околу 1500-тата година. Шпанците биле први кои ги населиле островите во 1526 година. Интересен податок е тоа што САД на овие острови има тестирано нуклеарно оружје, со што островите претставуваат едно од најконтаминираните места во светот.
Тувалу
Оваа островска држава се наоѓа помеѓу Австралија и Хаваите во Тихиот Океан. Групата острови ја сочинуваат 4 кои се создале од морски гребени и 5 корални острови. Тувалу е држава на која живеат околу 10.500 жители, што ја прави третата најмала суверена држава во светот. Од првиот век, па сè до 1974 година, островот се наоѓал под Британија. Во 1974 година локалното население изгласало за одделување и државата ја добила својата независност.
Гернзи
Оваа островска нација, за разлика од останатите споменати, е позната, но она што ретко кој го знае е тоа што таа не е дел од Обединетото Кралство. На островот живеат околу 65.000 луѓе, а неговата вкупна територија изнесува 63 квадратни километри. На островот се наоѓаат две неолитски скулптури кои привлекуваат голем број туристи.
Токелау
Државата Токелау се состои од три корални атоли. Официјалното име државата го добила во 1976 година, иако и денеска може да се сретне под називот „Сојузни острови“. Островите биле откриени од европска експедиција, но датумот на нивното откривање е непознат. Државата засега нема свое законодавство, па така во секое село владеат различни закони.
samo za edna nema cueno,drugite sitegiznam !