10 интересни цитати од Зигмунд Фројд кои ќе ве насмеат, но и замислат
Еден од најконтроверзните научници во 20-от век е оној кој студентите по психологија ширум целиот свет со милина го нарекуваат дедо Фројд. За време на својот живот, дел го сметале за шарлатан, додека пак останатите за гениј. Но, неговата работа денес се смета за непроценлива. Коко Шанел дури го нарекла и првиот маж феминист. Но, она по кое тој ќе се памети долго се двете негови најголеми откритија: разоткривањето на мистериите на човековиот сон и наоѓањето клуч за потсвеста.
Погледнете ги следниве 10 интересни цитати кои дефинитивно ќе ве насмеат, но и кои истовремено ќе ве натераат да се замислите за животот…
„Големината на вашиот идентитет се одредува од големината на проблемот кој е во состојба да ве исфрли од такт.“
„Пред да си дадете дијагноза за депресија и ниска самодоверба, најпрво осигурете се дека не сте опкружени со идиоти.“
„Никогаш не сме толку ранливи како тогаш кога љубиме, ниту пак толку безнадежно несреќни како кога ја губиме љубовта.“
„Луѓето се повеќе морални отколку што мислат, и многу повеќе неморални отколку што можат да замислат.“
„Секој нормален човек всушност е само делумно нормален.“
„Ако сте му опростиле на човек сè, значи вие засекогаш сте завршиле со него.“
„Секој човек пред секого може да се одбрани, но против пофалбата останува беспомошен.“
„Повеќе тежнееме кон тоа да ја избегнеме болката отколку да се сретнеме со радоста.“
„Во моментот кога човекот ќе почне да се сомнева во својот живот и вредност, тој станува болен.“
„Најголемото прашање кое никогаш не е одговорено и на кое ни јас не сум кадарен да одговорам, дури и покрај 30-годишното истражување на женската психа е: ‘Што сакаат жените!?’“