10 интересни божиќни традиции ширум светот
6. Удирајте „пињата“ како во Мексико
Се чини дека ниту една прослава во Мексико не е комплетна без „пињата“. Многу божиќни забави вклучуваат „пињата“ во форма на ѕвезда (традиционален облик на „пињата“) за гостите да се помачат додека не да ги истурат слатките. Направете и вие ваша пињата (картонска украсена кутија со форма по ваша желба, која ќе ја полните со бонбони) и внесете малку забава за Божиќ.
7. Бакнеж под гранките од имелата за Божиќ
Традицијата со „крадењето“ бакнеж под имела за првпат започнала во Англија пред многу години. Одбивањето на бакнежот се сметало за лоша среќа. Закачете вистинска или вештачка гранка од имела во вашиот дом и ширете уште повеќе љубов за време на празниците.
8. Украсете божиќно „дрво“ како Италијанците
Италијанската верзија на елката всушност воопшто не е дрво. „Дрвото“ е наречено „ceppo“ и претставува структура слична на скалила на која се закачени подароци и украси на секое ниво.
9. Играјте игра со размена на подароци како во Белгија
Белгијците ја играат играта наречена „Музички подароци“ на божиќните забави. Популарна верзија на играта е да пуштите божиќна песна и да носите подароци околу собата; кога музиката ќе престане, секој го добива подарокот што го држи во моментот.
Испланирајте и вие ваква забава и кажете им на вашите пријатели или роднини да купат некој подарок, потоа пуштете музика и забавата може да започне!
10. Оставете чевел покрај каминот како во Холандија
25 декември е голем ден во Холандија. Тогаш пристигнува Дедо Мраз и им носи подароци на сите деца кои биле послушни, а непослушните ги става на санка и ги испраќа во Мадрид (каде што холандските деца мислат дека живее Дедо Мраз). Дел од традицијата е и вечерта пред Божиќ децата да ги остават своите чевли пред каминот, пеејќи божиќни песни. Ако биле добри претходната година, Дедо Мраз ќе им остави бонбони во чевлите.
Можеби сакате да прочитате и за 12-те божиќни вечери од 12 земји во светот.