10 инспиративни цитати од Принц што ќе направат да се чувствувате подобро во вашата кожа

10 инспиративни цитати од Принц што ќе направат да се чувствувате подобро во вашата кожа

Принц ги освои срцата на фановите не само со неговата музика туку и со неговиот став кон животот. Тој е роден на 7-ми јуни 1958-ма година во Минесота.

10 инспиративни цитати од Принц што ќе направат да се чувствувате подобро во вашата кожа

Артистот сметал дека ние луѓето страдаме од вродената навика пребрзо да ги осудуваме другите и да им посакуваме неуспех. Поради ова тој се залагал за ослободување од овие окови и отстранување на предрасудите во секој аспект од животот. Овие 10 инспиративни цитати ќе ви помогнат да се чувствувате многу подобро во вашата кожа.

„Не ми е многу грижа што другите зборуваат за мене, бидејќи обично тоа е одраз на личноста којашто зборува за мене.“

„Сè додека не сфаќам сè премногу сериозно ќе бидам во ред.“

„Силниот дух ги надминува правилата.“

10 инспиративни цитати од Принц што ќе направат да се чувствувате подобро во вашата кожа

„Да бидете кул значи да уживате во вашето друштво.“

„Сочувството е акција, збор којшто нема граница.“

„Без разлика на сè, никој не може да каже колку ќе ѝ значите на некоја друга личност.“

„Сметам дека слободата е секси, мислам дека е толку секси што не можам да објаснам со зборови. Се будиш секој ден и се чувствуваш како да можеш да постигнеш што и да посакаш.“

10 инспиративни цитати од Принц што ќе направат да се чувствувате подобро во вашата кожа

„Не се лутам никому, немам непријатели.“

„Вистинските љубители на музиката ми се најдрагите луѓе на светот бидејќи сакаат да го сознаат, а не да го слушнат она што треба да го мислат.“

„Имав големо его. Големо. Но тоа и не е така лошо бидејќи барем сакаш нешто, се сметаш за голем бидејќи сакаш да станеш таков.“

Прочитајте ги и цитатите до Чарлс Дикенс што ќе ве потсетат дека треба да уживате во секоја секунда.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар