10 инспиративни цитати кои ќе ве мотивираат
Понекогаш инспирацијата е тешко да ја пронајдете. Во тешките мигови ни паѓа на памет едноставно да се откажеме од сè. Но, потребен е труд и надеж дека еден ден тој вложен труд ќе се исплати. Ова се 10 инспиративни цитати на познати писатели, историчари, филозофи и говорители.
„Го мразев секој миг од тренингот, но си реков: „Не се откажувај. Страдај сега и живеј го остатокот од животот како шампион.“ – Мухамед Али, поранешен американски боксер
„Проблемот со немањето цел во животот е во тоа што може да го поминете целиот живот трчајќи по теренот без да постигнете гол.“ – Бил Коупленд, историчар, поет, писател
„Верувајте во она што постои во вас.“ – Андре Жид, француски писател и критичар
„Не оценувај го денот според она што си го набрал, туку по семето кое си го посеал.“ – Роберт Луис Стивенсон, шкотски писател, поет и есеист
„Среќата не е нешто што се одложува за во иднина, туку нешто што се креира во сегашноста.“ – Џим Рон, американски претприемач, автор и мотивациски говорител
„Вербата ги креира вистинските дела.“ – Вилијам Џејмс, познат психолог и филозоф
„Постојат два начини на ширење на светлината: да бидете свеќата или огледалото во кое таа се одразува.“ – Едит Вартон, американска писателка и дизајнерка
„Менувајќи ги вашите мисли го менувате и вашиот свет.“ – Норман Винсет Пил, американски министер и автор
„Не е измислен материјал издржлив колку човековиот дух.“ – Берн Вилијамс, програмер и консултант
„Секој уметник некогаш бил аматер.“ – Ралф Валдо Емерсон, есеист и поет
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.