10 хомосексуални актери кои имаат само стрејт улоги
6. Нил Патрик Харис
Не постои по леген… чекајте… дарен пар од Нил Патрик Харис и неговиот сопруг, Дејвид Буртка. Само погледнете ги, тие се едноставно неодоливи. Во 2006-та година Харис потврдил дека е хомосексуалец кога изјавил, „Јас би сакал да ги отфрлам сите гласини и недоразбирања така што ќе ви кажам колку сум горд што сум хомосексуалец кој го живее животот во целост и се чувствувам најсреќен што работам со прекрасни луѓе во бизнис кој го обожавам.“ Оваа изјава ја шокирала јавноста поради фактот што тој премногу убедливо го игра најголемиот „женкар“, Барни Стинсон, во ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“.
7. Кевин Спејси
Постојат голем број гласини кои кружат околу сексуалноста на Спејси. И покрај тоа што тој никогаш не потврдил дека е хомосексуалец, тој исто така никогаш и не одрекол. Кога ќе го прашате за овие гласини тој секогаш вели, „Мора да разберете дека луѓето кои не одбираат да разговараат за нивниот живот не живеат во лага… Ничиј личен живот не е во интерес на јавноста. На крајот од краиштата тоа е само озборување. Крај на приказната.“
8. Џоди Фостер
Фостер веќе со декади има романтични врски со жени. Но, интересно е тоа што таа дури во 2013 година решила да даде јавна изјава за нејзината сексуалност. Тоа го сторила на 70-тите по ред награди Златен глобус, што мораме да признаеме дека е навистина храбро. Од 1993-та, па сè до 2008-ма година, Фостер била во врска со филмскиот продуцент Сидни Бернард, додека во април, 2014 година се оженила со актерката и фотографка Александра Хедисон.
9. Џонатан Бенет
Бенет е најдобро познат по својата улога во филмот „Злобни девојки“. Исто како и Спејси, овој актер ниту ги потврдил ниту пак ги одрекол гласините кои кружат за неговата сексуалност. Тој преку овие гласини е поврзан и со актерот Мет Далас, познат по својата улога во ТВ серијата „Кајл XY“, кој неодамна изјавил јавно дека е хомосексуалец.
10. Рејвен-Симон
Рејвен, најдобро позната по својата улога во ТВ сериите „Шоуто на Козби“ и „Тоа е толку како Рејвен“, го информирала светот за својата сексуална ориентација преку Твитер. Во 2012 година таа напишала, „Мојата сексуална ориентација е само моја и на личноста со која се состанувам. Јас не сум за јавно покажување на мојот живот.“ Потоа во 2013 година таа дополнила, „Возбудена сум затоа што денес дознав дека повеќе држави го легализирале бракот помеѓу хомосексуалците. Јас, и покрај тоа што во моментов не планирам да правам свадба, среќна сум што знам дека кога ќе го посакам тоа, ќе можам да го направам.“ Неодамна, во октомври, 2014 година, во интервју со Опра таа изјавила дека е во прекрасна и среќна врска со нејзината партнерка, Азмари Ливингстон.