10 градови во кои не постои стрес и се идеални за живеење

10 градови во кои не постои стрес и се идеални за живеење

Ако се прашувате кое е идеалното место за живот без стрес, сигурно ќе се израдувате кога ќе дознаете дека е во Европа. Една компанија направил истражување во кое ги рангирала светските градови врз основа на разни податоци. Целта била да се открие кои градови се најмалку стресни за живот.

10 градови во кои не постои стрес и се идеални за живеење

За да се добие резултатот, во 500 градови биле мерени следните фактори:

Град: Густина на население, зелен простор, сообраќај, сончеви часови, безбедност, локален јавен превоз.

Загадување на околината: Загадување на воздухот, загадување од врева.

Финансии и невработеност: Долг по глава на жител, социјална сигурност, семејна куповна моќ.

Население: Ментално здравје, физичко здравје, рамноправност на половите.

Ова се 10-те градови со најмалку стрес:

1. Штутгарт

Штутгарт се наоѓа во јужна Германија и има околу 590.000 жители во самиот град, и околу 3 милиони во неговата околина позната како Штутгартски регион. Ова е 6-тиот најголем град во Германија и е поделен на 23 градски области.

2. Луксембург

Луксембург е главен град на Големото Војводство Луксембург и се наоѓа во Западна Европа. До 2010 година, градот имал население од 100.000 жители. Во 2011 година, Луксембург бил на прво место по личната безбедност.

3. Хановер

И Хановер се наоѓа во Германија. Градот има население од 522.944 жители и е главен центар на северна Германија. Хановер има и национална важност поради неговите универзитети, медицинската школа, меѓународниот аеродром и големата зоолошка градина.

4. Берн

Берн е главен град на Швајцарија и одамна се наоѓа на овие листи. Покрај тоа, стариот дел од град кој е одлично сочуван се наоѓа на списокот на Светските градини на УНЕСКО.

5. Минхен

Минхен е третиот најголем град во Германија и има околу 1,35 милиони жители. Овој град е финансиски и издавачки центар и често е рангиран како најдобра дестинација за миграција и иселеничко место за живеење.

6. Бордо

Бордо се наоѓа во југозападна Франција и вкупното население во општината изнесува над 1 милион. Овој град е познат по виното, неговиот висок квалитет, како и лозовите насади.

7. Единбург

Единбург е вториот најголем град во Шкотска. Се наоѓа на брегот на Северното море. Градот е богат со средновековна архитектура и се смета за еден од најживописните градови во Европа.

8. Сиднеј

Сиднеј е најстариот град во Австралија и има над 4 милиони жители. Често е прогласуван како еден од најубавите и најживите градови на целата планета.

9. Грац

Грац е втор најголем град во Австрија. Има долга традиција на универзитетски град со 6 универзитети и над 44.000 студенти. Стариот дел на Грац се смета за еден од најзачуваните во Централна Европа.

10. Хамбург

Хамбург е дом на над 1,8 милиони луѓе и седми најголем град во Европската Унија. Тој е главниот сообраќаен јазол во Северна Германија и е еден од најбогатите градови во Европа.

Знаевте ли дека некои градови и држави ќе ви платат да живеете во нив?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар