10 фасцинантни алкохолни пијалaци од древните општества

10 фасцинантни алкохолни пијалaци од древните општества

Модерните шанкери не се првите луѓе кои измислувале пијалаци за возрасни. Всушност постојат многу чудни древни алкохолни пијалаци кои преживеале во историските и археолошките документации. Тие можеби не секогаш звучат примамливо, но сигурно се фасцинантни. Пивото е едно од најстарите пијалаци во кои се ужива и ден денес, а многу од оние што биле алкохолни во минатото содржеле и психоделични супстанци. Тоа не би требало да нѐ изненади бидејќи овие пијалаци најчесто биле користени за религиски ритуали. Погледнете некои од најчудните во минатото.

1. Кикеон (Kykeon)

(1)10-fascinantni-alkoholni-pijaloci-od-drevnite-opshtestva-kafepauza.mk

Кикеон бил психоделична напивка што потекнува од античка Грција. Што всушност се неговите состојки е мистерија, но веројатно содржел необична мешавина од сирење, вино и јачмен. Во древните текстови, „кикеон“ бил збор кој се користел за да опише напивка со магични ефекти, но исто така бил поврзуван и со „мистерии“, или обреди за некој бог. Најпознатите „мистерии“ биле тајните обреди за божицата Деметра каде што свештениците пиеле непознат халуциноген пијалак за да имаат привиденија. Археолозите сметаат дека станува збор за кикеон кој содржел старо жито, обработувано на посебен начин за да има психоделични ефекти.

2. Поска (Posca)

(2)10-fascinantni-alkoholni-pijaloci-od-drevnite-opshtestva-kafepauza.mk

Поска е можеби најнеобичниот пијалак од древниот Рим. Тој бил разводнет со вино или оцет и наменет за обичните луѓе и војниците. Можеби не бил со најдобар вкус, но некои луѓе му додавале тревки и зачини за да го подобрат. Интересен факт е што некои војници од висок ранг пиеле поска за да стекнат доверба кај обичните војници.

3. Шеде (Shedeh)

(3)10-fascinantni-alkoholni-pijaloci-od-drevnite-opshtestva-kafepauza.mk

Шеде е мистериозен пијалак од древен Египет за чиј состав сè уште се дебатира. Дали бил вино, направено од калинки или грозје, или пак и од двете? Зборот „шеде“ нема конкретен превод. Во единствениот египетски текст кој објаснува како се прави овој пијалак пишува дека се филтрира и се загрева, но папирусот кој бил пронајден не е целосен. Што и да било, шеде веројатно бил пијалак за фараоните: Гробницата на Тутанкамон има слика од него.

4. Пулк (Pulque)

(4)10-fascinantni-alkoholni-pijaloci-od-drevnite-opshtestva-kafepauza.mk

За овој пијалак, кој е предок на текилата, има најмногу приказни во историјата на Мексико. Се правел со ферментирање, а не дестилација, на соковите од растението агаве. Содржел многу пробиотици и имал многу голема примена. Според митологијата, овој млечно бел пијалак бил измислен во некој изгубен рај, иако веројатно е дека луѓето почнале да го пијат пред околу 4.000 години. Ацтеките го користеле како религиозен стимуланс.

5. Сома (Soma)

(5)10-fascinantni-alkoholni-pijaloci-od-drevnite-opshtestva-kafepauza.mk

Сома се појавува во „Ригведа“, серија од древни религиски текстови од Индија. Сома било растение од кое се произведувал опоен халуциноген пијало. Сома бил и бог кој го сметале за исцелител и бил поврзан со месечината и со плодноста. Во „Ригведа“, оваа напивка била направена од течноста на растението која се мешала со млеко и вода. Добиениот пијалак веројатно им давал интересни привиденија на оние кои го консумирале.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар