10 факти за смеењето
Смеење… од самиот збор веќе малку ви заигруваат врвовите на усните, нели? Се смееме уште од самото раѓање и, верувале или не, тоа е една од најважните работи што ја правиме во текот на животот.
Велат дека смеењето е заразно. И навистина, сигурно ви се случило да се разминете со некого на улица, кој има широка насмевка на лицето, поради што и вие махинално веднаш местите на своето. Или пак, кога некој „се гази од смеење“, дури и ако не знаете зошто, сепак неконтролирано и вие се вклучувате во тој групен акт на среќа и задоволство. Еве неколку факти за смеењето, кои можеби не ви се познати:
1. Глумете дека се смеете за да се смеете повеќе – Психолошки е докажано дека доколку се форсирате да се смеете дури и кога не ви е до смеење, кога тогаш ќе си го подобрите расположението, а воедно и расположението на оние околу вас.
2. Смеењето го подобрува здравјето – Кога се смеете, сте порелаксирани што значи дека се чувствувате помалку стресно, а пак, познато е дека стресот е штетен по здравјето. Останувањето во релаксирана состојба, го подобрува имунолошкиот систем.
3. Помалку мускули се потребни за смеење одошто за муртење – Зошто тогаш би се муртеле, кога смеењето е многу полесна опција?
4. Смеењето е начин на комуникација кое ги руши јазичните бариери – Сите луѓе во светот, независно од културата и од јазикот што го зборуваат, го разбираат смеењето на ист начин.
5. Смеењето може да ви овозможи полесно вработување – Докажано е дека луѓето кои се смеат, се доживуваат како подружељубиви и поатрактивни. Овие луѓе имаат поголеми шанси да ја добијат работата за која се пријавиле, во однос на оние кои не се смеат често. Па и логично, никој не сака да работи со намуртени луѓе.
6. Девојчињата се смеат повеќе од момчињата – Ова продолжува и во подоцнежните години од животот. Жените почесто остваруваат контакт со очите. Но, во слични работни средини, ситуацијата е балансирана, па мажите се смеат отприлика онолку пати колку што се смеат и жените.
7. Можете да се смеете на 19 различни начини – Секоја насмевка има различно значење. Има потсмев, смешкање со подбив, смешкање од социјална природа, кое се практикува кога се разминувате со некој на улица и смеење од уво до уво, кое ги опфаќа и очите и ги ангажира речиси сите мускули на лицето.
8. Бебињата можат да разликуваат смеење и муртење – Бебињата преферираат луѓе што се смеат.
9. Бебињата имаат специјални насмевки за саканите – Бебињата практикуваат различни насмевки во различни ситуации, а најдобрите ги чуваат за оние кои најмногу ги сакаат.
10. Смеењето е заразно – Доколку им се смеете на луѓето, тие ќе имаат тенденција да ви ја возвратат насмевката.
Кога сите би се смееле доволно, светот би бил поубаво место за живеење. Обидете се да направите промена.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Devojkava na slikava e lepotica!
mi se dopaga