10 факти за проституцијата во викторијанската ера
Иако историските книги и романтичните новели ги претставуваат луѓето во викторијанската ера како многу „стегнати“ и „прибрани“, всушност имало повеќе јавни куќи отколку училишта. Се претпоставува дека околу 80.000 жени работеле како проститутки, и тоа само во Лондон. Тие биле нарекувани „паднати жени“ бидејќи претставувале пример за тоа што една добра жена никогаш не треба да стане. Сепак, проституцијата била легална и охрабрувана во многу кругови бидејќи се верувало дека на мажите им е потребно да ги исполнат своите сексуални желби кои ги потиснувале во секојдневниот живот.
1. Проституцијата била најплатената работа за жените
Единствените опции за работа за жените биле ниско платени професии, а многу од нив биле во опасна околина. Имало жени кои им помагале на сопрузите со бизнисот, работнички во фабрики и продавачки. Било вистински успех ако некоја жена успеела да стане слугинка на некое богато семејство. Дури и жените со факултет заработувале многу малку и тоа не било доволно за да се издржуваат без помош од сопругот. Проституцијата била единствената работа со која жената работела малку часови и заработувала кеш. Ако биле доволно убави, жените со оваа работа можеле да бидат целосно финансиски независни.
2. Постоеле 3 нивоа на проститутки
Иако сите имале слична работа, постоеле 3 нивоа на проститутки. Најниската класа биле младите жени кои работеле во јавни куќи. Тие морале да спијат со секој маж кој ќе дојде и често живееле во лоши услови. Проститутките од средната класа биле независни жени кои имале свои апартмани. Тие сами ги одбирале своите клиенти. Но овие жени ја немале заштитата што ја нуделе јавните куќи, ниту пак имале лекари. Највисоката класа ја сочинувале жени кои биле убави и доволно образовани да работат само со клиенти од високата класа. Некои од нив работеле само за еден маж, а многу од овие куртизани завршувале и во брак со некој од клиентите.
3. Жените во брак се продавале
Бидејќи многу работни меса за ниската класа не овозможувале доволно финансиски средства, неретко жените во брак нуделе сексуални услуги за да го издржат семејството. Нивните сопрузи немале проблем со тоа. Всушност околу 50% од жените од ниската класа биле проститутки. Во некои случаи жените со задоволство го работеле ова бидејќи имале свој приход, а понекогаш нивниот сопруг им бил како макро. Исто така, многу немажени жени работеле како проститутки за да можат да преживеат. За жал, се открило дека ако жената ја загубела невиноста пред брак се сметала за „падната“ и морала да продолжи да живее како проститутка.
4. Детската проституција била легална
Во викторијанската ера, полнолетството се достигнувало на 13 години и децата од тогаш оделе на работа. Момчињата и девојчињата кои имале 11 или 12 години, а изгледале како да имаат 13, морале да работат бидејќи родителите ги терале. Во овој период било многу лесно да се купи невиноста на 13-годишно девојче по многу ниска цена. Во цената бил вклучен медицински преглед со кој се утврдувала невиноста, и имало дел и за сопственикот на јавната куќа.
5. Тематски јавни куќи
Како и денес, така и мажите од викторијанската ера си имале разни желби. Но не можеле да ги исполнат во нивниот брак. Нивните сопруги не биле охрабрувани да ја истражат својата сексуалност и сексот служел само за размножување. Постоеле многу јавни куќи посветени на разни теми – традиционални, садо-мазо, јавни куќи за хомосексуалци и многу други. За жал, постоеле и јавни куќи за педофили во кои имало млади девојчиња и девици. Поради стравот од венерична болест, некои мажи ги одбирале овие јавни куќи.
Продолжува на следната страница…