10 факти кои звучат како лага, но се вистинити
Автор: Зорица Тодорова
Ви претставуваме 10 факти кои ќе ве остават збунети и вчудовидени, токму како фаците кои ги прави Бритни. 🙂
1. Кога одите на трансплантација на бубрег, обично вашите бубрези ги оставаат во телото, а третиот, трансплантираниот бубрег го ставаат во вашата карлица
Значи да, ако познавате некој со две трансплантации на бубрег, многу е возможно да има вкупно 4 бубрези во своето тело.
2. Космичките зраци од вселената често предизвикуваат дефекти во вашите електронски уреди
Вашите телефони и автомобили не се безбедни.
3. Вашите очи имаат голема „слепа“ точка која вашиот мозок само ја исполнува со работи кои смета дека треба да ги види
Да, мозокот обожава да се поигрува со вас.
4. Кокосите кои паѓаат од дрвата годишно убиваат повеќе луѓе од ајкулите
Кокоси… Едноставно не можете да ги видите.
5. Луѓето делат 50% од својата ДНК со бананите.
Бананите ни се поблиски отколку што мислевме?!
6. Јагодите всушност не се бобинки. Но авокадото е
Целиот живот ви е лага.
7. Клеопатра живеела поблизу до изумот на Ајфон 6 отколку до градењето на Големата Пирамида
Сѐ уште живеете во лага.
8. На Сатурн и Јупитер врнат дијаманти
Всушност живеете на погрешната планета.
9. Порано постоел летечки рептил со големина на жирафа
Денес се веќе исчезнат вид, така што ако денес немавте причина да се чувствувате среќно, сега имате.
10. Ако во една соба има 23 луѓе, постои шанса од 50% дека двајца од нив имаат исти роденден
Но постои 100% шанса дека вашиот роденден е секако, поважен од нивниот.