10 факти кои не ги знаевте за лакот за нокти
Лакот за нокти, после карминот, е најпродаваниот козметички производ во светот. Тој е незаменлив дел од женскиот несесер, а зад него стојат неколку интересни факти.
1. Лакот во темни нијанси во стариот Египет бил знак на богатство. Високата и средната класа користеле темни нијанси, како црвената и црната, додека ниските класи можеле да носат само светли тонови.
2. Дури 3000 години пред Христос, во Кина почнал да се произведува лак за нокти кој можеле да го носат само припадниците на високите слоеви.Лакот бил всушност смеса од смола, жолчка, желатин и пчелин восок, кој понатаму се боел со згмечени листови од ружа и орхидеја.
3. Лакот за нокти прв го измислил францускиот шминкер Мишел Менар, кој бил инспириран од бојата за автомобили. Max Factor во 1927 година во својата палета вклучува крем кој се нанесува на ноктите и потоа тие добиваат розова боја. Пет години подоцна Revlon лансира бои на лакови кои биле идентични со боите на кармините. Лакот за нотки го популаризира Рита Хејворт во 40-те години на 20 век.
4. Лакот за нокти е строго забранет во авионите – повеќето авиокомпании забрануваат да се лакираат ноктите во текот на летот.
5. Еднаш отвореното шишенце за лак има свој рок на траење. Една година е максималниот рок за користење. После тој временски период формулата ја менува својата структура и тој станува потполно неупотреблив.
6. Лакот за нокти најдобро е да го чувате во фрижидер. Изложувањето на топлина и светлина влијае врз квалитетот на лакот т.е. предизвикува создавање на меурчиња кои потоа го отежнуваат нанесувањето.
7. Константното носење лак за нокти не е препорачливо, бидејќи ноктите се живо ткиво, а лакот ги суши. Тоа не влијае само на нивното кршење туку го спречува и дотокот на кислород поради што може да дојде до инфекција.
8. Azature (дијамантски лак за нокти) е најскапиот лак за нокти во светот. Едно шишенце чини 250.000 долари, а содржи 267-каратен црн дијамант.
9. Во САД во 2012 година е забележана заработка од 768 милиони долари само од продажба на лакови за нокти. Експертите велат дека ова се должи на добрите реклами, но и поради зголемувањето на различните видови маникири кои стануваат популарни за сите жени.
10. Целата површина на еден автомобил може да се покрие со 130 шишенца лак за нокти. Дејвид Шит го излакирал својот автомобил во розово користејќи само лак за нокти. За овој подвиг му биле потребни 4 дена, 2 часа и 2 минути, при што целиот свет преку интернет можеше да го гледа занимливото лакирање.