10 древни мудрости од Американските Индијанци
Американските Индијанци знаеле како да го уредат животот во хармонија со природата. Иако тие се речиси истребени, нивната мудрост останува да живее и да нè учи како да живееме во согласност со сопствената природа и со околината.
„Големиот Дух е насекаде, тој е во воздухот што го дишеме. Големиот Дух е нашиот Татко, но земјата е нашата Мајка. Таа нè храни. Сè што ќе ставиме во неа таа ни го враќа назад.“ – Големата Молња од племето Вабанаки Алгонквин
„Првиот дел, кој е и најважен, извира од душата на луѓето кога тие ќе ја сфатат нивната врска и единство со Универзумот и сите негови моќи и кога ќе сфатат дека Големиот Дух е во средиштето на Универзумот, а тоа средиште е во секој од нас.“ – Црниот Лос од Оглала Сијуксите
„Кога ќе го исечеме и последното дрво, ќе ја загадиме и последната река и ќе ја уловиме и последната риба ќе сфатиме дека не можеме да јадеме пари.“ – непознат Кри Индијанец
„Кога се сомневаш, остани мирен и чекај. Кога сомнежот ќе го снема продолжи храбро напред. Остани мирен додека те опкружува маглата, но кога ќе пробијат првите зраци, а ќе пробијат, делувај храбро.“ – Белиот Орел од Понка
„Убаво однесувај се со земјата. Таа не ти е дадена од родителите, туку ти е позајмена од децата. Ние не ја наследуваме земјата од нашите предци, туку ја позајмуваме од нашите деца.“ – стара индијанска поговорка
„Човекот не ја исткајал мрежата на животот. Ние сме само еден конец во неа. Тоа што ѝ правиме на мрежата, тоа си правиме себеси. Сè е поврзано.“ – Сиетл од племето Дувамиш
„Нека ѕвездите ја истераат тагата од тебе. Цвеќињата нека те исполнат со убавина. Надежта нека ти ги избрише солзите. Но, пред сè, нека тишината те направи посилен.“ – Ден Џорџ од Тслеил Ваутут
„Пред да пристигнат овде нашите бели браќа за да нè цивилизираат, ние немавме никакви затвори. Затоа немавме ниту престапници. Без затвор, нема ни престапници. Немавме ниту брави и катанци, па немавме ниту крадци. Кога некој беше многу сиромашен и не можеше да си дозволи коњ, шатор или ќебе, тој тоа ќе го добиеше како подарок. Ние бевме премногу нецивилизирани за да ѝ дадеме важност на цивилизираната сопственост. Не знаевме за пари, па затоа и вредноста на човекот не беше мерена според неговото богатство. Немавме пишани закони,немавме адвокати и политичари, па затоа не знаевме ниту да се лажеме меѓу себе. Навистина бевме за никаде пред да се појават белите луѓе и не можам да објаснам како успевавме да се справуваме со овие основни работи кои според нив се неопходни за едно цивилизирано општество.“ – Огнениот Сакат Елен од Лакота Сијуксите
„О, Голем Духу, помогни ми тивко да ја зборувам вистината, да слушам со отворен ум кога другите зборуваат и да не заборавам дека мирот може да се најде во тишината.“ – молитва на Чироки Индијанците
„Мирот и среќата ни се на дофат во секој момент. Мирот е во секој чекор. Треба да чекориме фатени за раце. Не постојат политички решенија за духовни проблеми. Запомнете, ако Создателот ставил нешто таму, тоа му е местото. Не може да има виножито во душата без дожд во очите. Кажете им на вашите луѓе дека откако ни ветија дека нема да нè преселат од овде, нè преселија дури пет пати.“ – непознат индијански поглаватар