10-дневен предизвик за зацврстување на вашиот брак

10-дневен предизвик за зацврстување на вашиот брак

Бракот е задоволство, но и тешка обврска за која треба труд и вложување. Еве една интересна задача која двајцата брачни партнери треба да ја спроведат заедно. Задачата започнува на одреден ден, трае точно 10 дена и на крајот завршува со заеднички состанок.

10-dneven-predizvik-za-zacvrstuvanje-na-vashiot-brak-kafepauza.mk

Задача: Поминувајте по еден час заедно секоја вечер играјќи ја играта Топ 10. Без разлика колку мислите дека знаете еден за друг, овој процес ќе ви биде корисен и изненадувачки. Одредете термин (ако имате деца, најдобро тоа да биде откако тие ќе легнат на спиење) за дискутирање на одговорите на прашањата во времетраење од околу еден час. Одговорите можете да ги запишувате непосредно пред да се сретнете или кога било во текот на денот. Но, во секој случај мора да бидат запишани пред договореното време. За 10 дена ќе научите многу еден за друг, но и лично за себе и за вашите индивидуални и заеднички очекувања од бракот.

Ден 1 – Кои се вашите топ 10 омилени особини кај партнерот? Зошто?

Ден 2 – Кои се вашите топ 10 омилени особини кај себеси? Зошто?

Ден 3 – Кои се 10-те места кои никогаш не сте ги посетиле, но би сакале? Зошто? (Секој прави индивидуална листа за себеси).

Ден 4 – Кои се 10-те мали нешта кои најмногу ви одат на нерви? (Општо, не мора да се навики и особини кај другиот.)

Ден 5 – Кои се 10-те нешта кои се надевате дека вашите деца ќе ги научат од вас. Зошто?

Ден 6 – Ако добиете 3.000.000 денари на лотарија, кои 10 работи би си ги купиле за себе? Зошто? (Не можете да ги заштедите или да ги дадете на друг. Мора целосно да ги потрошите за себе.)

Ден 7 – Кои се 10-те нешта кои би сакале да си ги подобрите кај себеси? Зошто?

Ден 8 – Ако можете да поканите 10 луѓе на вечера, живи или мртви, кого би викнале? Зошто?

Ден 9 – Кои се 10-те нешта кои вашиот сопружник може да ги направи за вас или веќе ги прави за вас, а вие многу ги цените?

Ден 10 – Ова направете го кога ќе излезете на состанок. Кои 10 нешта би сакале да ги постигнете во текот на следната една година? Составете ја оваа листа заедно, разговарајќи за работите. Ставете го листот во коверт и сместете го негде. Дајте си збор да го отворите следната година.

На единаесеттиот ден пишете ни што научивте од овој предизвик? Почнете ако можете уште денес. Да го правиме сите заедно.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар