10 цитати за снегот кои ја доловуваат зимската магија
За многумина зимата е најубавото годишно време благодарение на празничната атмосфера доловена преку празничните закуски, зимските колачи, божиќниот филмски маратон. Секако, снегот е незаменлив дел од зимската магија. Во продолжение прочитајте ја нашата листа со „снежни“ цитати кои ќе ви ја доловат снежната идила.
„Првиот снег не е обичен настан туку е испреплетен со магија. Си легнувате во еден свет за да се разбудите во сосема поинаков. Ако ова не е волшебништво, тогаш што е?“ – Џон Пристли
„Дури и најсилната снежна виулица започнува со една снегулка.“ – Сара Раш
„Има нешто посебно во чекорењето по снегот по кој никој друг не ги оставил своите стапки. Прави да чувствувате дека сте посебни.“ – Керол Рифка
„За да ја почувствувате убавината на снегулката доволно е да застанете надвор на снегот.“ – Аристотел
„Го сакам снегот заради истата причина поради која го сакам Божиќ. Ги обединува луѓето, но и создава свет во кој времето застанало мирно.“ – Рејчел Кон
„Добрината е како снег – таа разубавува сè што ќе покрие.“ – Халил Џибран
„Зимата не е годишно време, туку е време за прослава.“ – Анамика Мишра
„Првиот снег е како првата љубов. Се сеќавате ли на вашиот прв снег?“ – Лара Бијутс
„Тивко, како мисли кои доаѓаат и си одат, паѓаат снегулките, а секоја од нив е скапоцен камен.“ – Хамилтон Гибсон
„Советот е како снегот. Колку помеко паѓа толку подолго се задржува и тоне подлабоко во умот. “ – Семјуел Тејлор Колериџ
Откако ја прочитавте нашата листа со цитати за снегот, можеби ќе сакате да прочитате и што се случува со вашиот мозок кога наутро ќе видите снег низ прозорецот.
Извор: purewow.com