10 цитати што ќе ве инспирираат да ги следите своите соништа и да остварите сè што сте наумиле

10 цитати што ќе ве инспирираат да ги следите своите соништа и да остварите сè што сте наумиле

Дали чувствувате како да ви недостига мотивација? Можеби сте разочарани од нештата што моментално ви се случуваат на професионално поле, па целосно сте обесхрабрени дека ќе успеете? Или пак, заглавени сте во кариерата што сте ја почнале и сметате дека сте одбрале погрешна насока? Одвојте пет минути за да ги прочитате овие инспиративни цитати и поттикнете го вашиот мозок на размислување. Можеби токму овие зборови ви биле потребни за да ја најдете својата инспирација…

„Изберете работа што ја сакате и нема да треба да работите ниту еден ден во животот.“ – Конфучие

„Вашата кариера ќе биде одбележана од ситуациите што сте успеале да ги совладате, а не од вашите успеси.“ – Карлтон Фиск

„Работете за да станете некој, а не за да стекнете нешто.“ – Елберт Хабард

„Откријте во што сте најдобри и потоа најдете некој што ќе ви плаќа да го работите токму тоа.“ – Кетрин Вајторн

„Неуспехот не значи дека сте неуспешни. Тоа значи дека сè уште не сте успеале.“ – Роберт Х. Шилер

„Најдобриот начин да ја предвидите иднината е истата самата да ја создадете.“ – Абрахам Линколн

„Нашата најголема слабост лежи во откажувањето. Најсигурниот начин да успеете е да пробате уште еднаш.“ – Томас Едисон

„Мислам дека сите треба да доживеат пораз барем еднаш во текот на својата кариера. Од него може многу да се научи.“ – Лу Холц

„Сакам еден ден да се свртам и кога ќе ја погледнам мојата кариера да бидам горд на работата што сум ја направил и горд на себе затоа што сум пробал сè.“ – Џон Стјуарт

„Желба! Тоа е единствената тајна за успешна кариера на секој човек. Не образование. Не поседување скриен талент. Желба.“ – Џони Карсон

Прочитајте ги и овие цитати од легендарниот Леонардо ДиКаприо кои ќе ве придвижат напред!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар