10 цитати кои ќе ве инспирираат да останете чудни
Да се биде различен од другите може да биде навистина застрашувачко. Секој човек има потреба да се поврзе и да припаѓа, да биде прифатен и ценет од светот и од блиските. За да ја избегнеме болката од одбивањето, многу од нас го потиснуваат своето вистинско јас, а со ова ја потиснуваме и нашата големина и нашиот потенцијал.
Да бидете чудни и различни е одлично. Иако може да ви биде тешко, наградата од ова е хармонија со себе и живот во кој ќе уживате. Погледнете ги 10-те цитати кои ќе ве инспирираат да бидете онакви какви што сте.
„Сметам дека наградата за сообразноста е тоа што ве сакаат сите, освен вие самите.“ – Рита Меј Браун
„Подобро е да не успеете во оригиналноста, отколку да бидете успешни во имитацијата.“ – Херман Мелвил
„За да бидете незаменливи, мора секогаш да бидете различни.“ – Коко Шанел
„Спротивно од храброста не е кукавичлукот, туку сообразноста.“ – доктор Роберт Ентони
„Секогаш кога ќе се најдете на страната на мнозинството, време е да направите пауза и да размислите за себе.“ – Марк Твен
„Ако секогаш се обидувате да бидете нормални, никогаш нема да знаете колку всушност сте неверојатни.“ – Маја Анџело
„Луѓето ќе ви велат дека одите по грешен пат, кога вие всушност одите по вашиот пат.“ – Анџелина Џоли
„Нема хармонија кога сите ја пеат истата песна.“ – Даг Флојд
„Индивидуата секогаш се обидува да не биде поразена од племето. Ако се обидете и вие, ќе бидете осамени, а понекогаш и исплашени. Но ниту една цена не е превисока за привилегијата да бидете свои.“ – Фридрих Ниче
„Можете да направите разлика само ако сте различни“ – Рик Ворен
Прочитајте ги и овие прекрасни цитати за мудроста и знаењето.