10 цитати кои ќе ја зајакнат вашата мотивација
Во оние моменти кога се чувствувате слабо и немоќно и кога мислите дека повеќе нема надеж, сетете се дека не можете да се искачите на врвот ако претходно не го допрете дното. Кога ви фали мотивација и инспирација, прочитајте ги овие цитати кои ќе ве поттикнат да продолжите понатаму со животот и да не престанете да верувате во успехот.
„Кога некој ќе ви рече ‘Не можеш’, тој всушност мисли ‘Јас не можам’.“ – Шон Стефансон
„Постои мала разлика помеѓу луѓето, но таа мала разлика прави голема разлика. Малата разлика е во ставот. Големата разлика е во тоа дали тој е позитивен или негативен.“ – Клемент Стоун
„Што и да сакате да направите, направете го одма. Преостануваат уште толку малку утра.“ – Мајкл Ландон
„Среќата, како и несреќата, е работа на проактивниот избор.“ – Стефан Кови
„Мора да донесете одлука дека ќе продолжите понатаму. Тоа нема да се случи автоматски. Морате да станете и да речете: ‘Не ми е грижа колку е ова тешко, не ми е грижа колку сум разочаран, нема да дозволам тоа да го украде најдоброто од мене. Продолжувам со својот живот.’“ – Џоел Остин
„Кога нареден пат ќе се чувствувате лошо поради тешкотиите во својот живот, сетете се дека без притисок нема ни дијаманти. Притисокот е дел од успехот.“ – Ерик Томас
„Кога веќе не можеме да ја промениме ситуацијата, предизвикани сме да се промениме себеси.“ – Виктор Франкл
„Среќата често поминува низ вратата за која сте заборавиле дека сте ја оставиле отворена.“ – Џон Баримор
„Најдобриот начин да се стекне самодоверба е да го правите она од кое се плашите.“ – Непознат автор
„Бидете меки. Не дозволувајте светот да ве отврдни. Не дозволувајте болката да ве натера да мразите. Не дозволувајте горчината да ви ја украде сласта. Бидете горди на тоа што и понатаму верувате дека светот е прекрасно место, дури и кога остатокот не се сложува со вас.“ – Курт Вонегурт