10 чудно забавни активности од минатото кои денес изгледаат апсурдно
Ако мислите дека генерациите пред компјутерите имале здодевен живот, навистина грешите. И аристократите и сиромашните секогаш се забавувале на свој начин, а нивната забава не била секогаш безбедна. Погледнете ги овие 10 забавни активности во кои уживале минатите генерации.
1. Игри на табла
Првите игри од овој вид биле измислени уште во древно време. На пример, постои игра од древен Египет наречена „Сенет“ и е една од најстарите игри со табла и фигури. Деталите за правилата се непознати, но најверојатно била со двајца играчи, како модерниот шах. Според легендите, играта била измислена од Тот, богот на мудроста, кој го предизвикал Консу, богот на месечината и бидејќи победил добил неколку денови екстра во годината. Тот го направил ова за Нут, божицата на небото, која не можела да има деца во кој било ден од годината поради клетвата на Ра. Поради победата на Тот, годината станала 5 дена подолга, а Египќаните добиле нова игра.
2. Борби со гладијатори
На сите им се познати овие крвави спектакли. Но иако повеќето од нас знаат дека учествувале мажи кои се бореле меѓу себе или со диви животни, во гладијаторските борби учествувале и жени. Сепак, тие најчесто биле „актерки“ кои повеќе ја забавувале публиката отколку што се бореле. Смртоносните борби биле толку популарни што сите обиди да се забранат биле неуспешни. Сè до 404-та година кога еден христијански свештеник од истокот, Телемах, се обидел да спречи борба помеѓу гладијатори. Оваа постапка го чинела живот – бил каменуван од гневната публика. Но, неговата жртва не била залудна. Императорот Хонориј бил воодушевен од неговата постапка, па ги забранил гладијаторските борби.
3. Вртење обрач
Една верзија на оваа игра бил популарна во древна Грција, а разни нејзини варијации била распространети низ Европа, Кина, Америка и Африка. Најпознатата верзија ги имала следниве правила – двајца играчи фрлале обрач во воздухот со стапче, а потоа го фаќале со истото стапче. Понекогаш имало по двајца играчи кои наизменично го фаќале обрачот.
4. Влечење стапчиња
Оваа игра била честа во Европа во периодот помеѓу 13-тиот и 14-тиот век. Постојат 2 верзии:
- Дрвено стапче било поставено помеѓу двајцата играчи како граница. Победникот бил оној што ќе успее да го натера противникот да ги свитка колената.
- Играчите се обидувале да го извлечат противникот на хоризонталната табла поставена помеѓу нив. Оној кој ќе успеел прв бил победник.
5. Сеанси со френологија
Френологијата е наука која тврди дека структурата на черепот може да го одреди карактерот на човекот. Таа била третирана како псевдонаука уште од нејзината појава, исто како астрологијата и спиритуализмот. Но, ова движење било доста популарно во периодот од 1850-тите до 1890-тите. Поради ова, се појавиле многу „френолози“ кои патувале и кои секогаш привлекувале многу внимание кај луѓето.
Продолжува на следната страница…