10 чудни ситуации во кои сите ние се пронаоѓаме, но молчиме за тоа

10 чудни ситуации во кои сите ние се пронаоѓаме, но молчиме за тоа

Сите ние понекогаш се однесуваме смешно, па токму поради тоа ситуациите со кои се соочуваме секојдневно стануваат почудни и понепријатни. Одлучивме да го прекинеме молчењето и да проговориме за чудните работи кои секојдневно ни се случуваат.

1-10-chudni-situacii-vo-koi-site-nie-se-pronaogjame-no-molchime-za-toa-www.kafepauza.mk_

Сигурно ви е позната ситуацијата кога…

1. Прашувате за цената на некој производ и сфаќате дека немате доволно пари за тоа, па се однесувате како да не сте сигурни дали ќе го купите или не.

2. Ве фаќа паника, бидејќи сѐ уште сте на касата и ги собирате работите коишто сте ги купиле или го ставате кусурот во паричникот, а продавачката веќе започнала да ги повлекува производите од следниот купувач.

3. Седите во кафуле, а луѓето од масата до вас започнуваат гласно да се смеат.

4. Го слушате сопствениот глас на снимка и сакате да се извините на секоја личност со која некогаш сте разговарале.

5. Среќавате некого што го познавате однекаде и се прашувате дали да го поздравите или не.

6. Случајно наслушувате разговор помеѓу две непознати личности и во главата им го давате вашето мислење.

7. Го изгаснувате светлото во бањата и брзо трчате во својата соба, бидејќи се плашите дека некој ќе ве зграпчи.

8. Не можете да заспиете, а морате да станете рано за на работа, па размислувате „Имам 6 часа, 21 минута и 48 секунди сон доколку заспијам сега“.

9. Ќе ве повика некој со кого не сакате да разговарате, па мора да причекате додека не престане да ѕвони за да можете повторно да го користите мобилниот.

10. Излегувате од продавницата без да купите ништо и низ главата ви поминува мислата „Однесувај се нормално, не украде ништо“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар