10 чудни, но реални нешта што ни се случуваат кога се вљубуваме

10 чудни, но реални нешта што ни се случуваат кога се вљубуваме

Љубовта често ги инспирира луѓето. Научниците долго истражуваат за да откријат зошто нашето однесување се менува кога сме вљубени. Тие го поврзале ова однесување со различните „љубовни хормони“ како допамин и окситоцин. Па, погледнете што навистина се случува кога се вљубуваме.

10 чудни но реални нешта што ни се случуваат кога се вљубуваме

1. Вљубените луѓе се однесуваат како пијани

По неколку чаши вино комуникацијата станува полесна, дури и со луѓе што не ги знаете. Окситоцинот има исто влијание на телото како и алкохолот. Сте забележале ли како пијаните луѓе сакаат да ги прегрнуваат сите околу нив? Окситоцинот е наречен и „хормон за прегратки“ бидејќи ви создава желба да бидете физички блиски со други луѓе.

2. Вљубените луѓе слабеат или се здебелуваат

Многу парови се здебелуваат на почетокот на врската. Научниците откриле дека паровите кои се здебелуваат се позадоволни од нивната врска. Причината најверојатно е тоа што тие чувствуваат помалку притисок и страв дека ќе бидат одбиени поради нивниот изглед. Но не сите парови се здебелуваат. Понекогаш окситоцинот го намалува гладот и го забрзува метаболизмот, па пеперутките во стомакот можат да значат и дека слабеете.

3. Се менува гласот

Американските научници спровеле интересно истражување. Ги замолиле луѓето коишто неодамна почнале романтична врска да направат неколку телефонски повици. Другите испитаници ги слушале нивните гласови и лесно можеле да кажат дали зборуваат со пријател или со партнерот. Во текот на разговорот со партнерите, гласовите на жените биле пониски, а оние на мажите повисоки.

4. Вљубувањето е како опсесија или зависност

Размислете за некој период кога сте биле вљубени. Веројатно постојано сте мислеле на саканата личност, сте сакале да поминувате што е можно повеќе време со неа, а можно е и пријателите да ви велеле дека сте опседнати. Кога луѓето се вљубени, во мозокот се активираат истите делови како и кога личност е зависна од кокаин.

5. Вљубените луѓе не можат да спијат

Многумина мислат дека вљубените луѓе не спијат бидејќи мислат на партнерот. Едно истражување покажало дека вљубените личности во просек спијат по еден час помалку. Никој од испитаниците не се чувствувал изморено, па квалитетот на сонот не бил нарушен.

6. На вљубените луѓе им „скока“ срцето

Потење, забрзано чукање на срцето, црвено лице – ова се очигледни знаци за анксиозност. Но, тие се и почетни знаци на романтична привлечност. Па, ако чувствувате дека вцрвенувате во нечие присуство, голема е веројатноста да сте вљубени.

7. Вљубените луѓе сакаат да пишуваат поеми и да пеат љубовни песни

Премногу убави дела се напишани од вљубени луѓе. Истражувањата покажале дека романтичните чувства го потиснуваат аналитичкото размислување, но го поттикнуваат креативното. Поради ова кога сте вљубени барате оригинални подароци за саканата личност и сакате да ја изненадите дури и кога нема причина за тоа.

8. Вљубувањето е лек

Неколку истражувања покажале поврзаност помеѓу романтичните чувства и чувствувањето болка. Испитаниците кои биле вљубени послабо реагирале на надворешните фактори. Болката била намалена за 40% кога гледале фотографии од личноста што ја сакаат. Поинтензивната болка била намалена за 10-15%. Научниците сметаат дека вниманието на испитаниците се префрла од болката кон саканата личност. Други истражувања покажале дека кога некој е вљубен побрзо произведува допамин, кој пак ја намалува болката.

9. Љубовта е слатка

Научниците од Холандија спровеле интересно истражување. Испитаниците биле замолени да напишат есеј за вистинско искуство – едната група пишувала за вљубување, другата за љубомора, а третата за нешто неутрално. Потоа им дале да вкусат слатки и вода. Оние кои пишувале за љубовта тврделе дека вкусот на храната бил поубав.

10. Вљубената личност е подготвена да направи што било

Да бидете вљубени не значи да чувствувате само сексуална возбуда, туку и да се грижите за вашиот партнер. Истражување од 2014-та година резултирало со изразот „сочувствителна љубов“ која пак е важен дел од романтичните врски. Ако сте загрижени дали партнерот го заборавил чадорот кога надвор врне, тогаш сте вљубени.

Знаете ли кои се трите фази на вљубување кај мажите?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар