10 чудни, нејасни и морбидни тајни друштва

10 чудни, нејасни и морбидни тајни друштва

Тајните друштва како Илуминатите и Масоните изгледа секогаш ќе ни бидат интересни. Но постојат голем број вакви друштва чии приказни се уште почудни и ги прават уште поинтересни од оние познатите. Дознајте нешто повеќе за нив.

1. Редот на Херонеја

10 чудни и нејасни тајни друштва

Битката кај Херонеја во 338-ма година п.н.е. значела пораз за Светиот тебански баталјон, елитна грчка борбена единица составена од 150 војници и нивните машки љубовници. Години подоцна, во 1899-та година името ѝ припаднало на малку поразлична група – Редот на Херонеја, англиска политичка организација за хомосексуалните мажи.

Групата била основана од страна на Сесил Ајвс со цел да се комуницира без страв. Тој го патентирал редот како вистинско тајно друштво во кое имало церемонии и лозинки за членовите. Исто така имало и листа строги правила кои ги спречувале членовите да прават средби од сексуална природа. Многу геј интелектуалци биле членови, наводно и Оскар Вајлд. Организацијата брзо се проширила низ целиот свет и му овозможила на Сесил да ги промовира правата на хомосексуалците преку книги и предавања. Редот стана модерен предвесник на организациите од овој вид од 20-тиот век.

2. Витезите на апокалипсата

10 чудни и нејасни тајни друштва

Оваа група е формирана во 1693-та година со цел да се заштити католичката црква од наводното доаѓање на антихристот. Членовите носеле мечови на работа и носеле облека на која имало ѕвезда на градите. Чудното однесување на членовите веројатно е вина на самиот основач, Августино Габрино. Габрино бил познат како луд маж кој прекинал две црковни литургии мавтајќи го неговиот меч и викајќи дека е крал. На основањето на групата се прогласил за „Монарх на светото тројство“ и поставил навистина чудни правила за витезите. Овде спаѓала полигамијата и венчавање само со девици. Една година по постоењето, еден витез го предал друштвото на инквизицијата. Редот бил уништен, а витезите затворени.

3. Редот на окултната рака

10 чудни и нејасни тајни друштва

Оваа група имала само една цел. Нејзините членови внесувале само една фраза во весниците и другите изданија – како да го имала окултна рака. Групата започнала кога Џозеф Фландерс, новинар за Charlotte News, случајно ја кажал фразата во извештај. Неговите пријатели толку ја засакале што ја користеле што е можно почесто. Наскоро и други новинари и репортери од целиот свет почнале да ја употребуваат фразата. Заговорот бил откриен во 2004-та година кога Џејмс Фанега, новинар од Chicago Tribune, успеал да ги најде сите спомнувања на фразата. Групата повторно се појавила во 2006-та година кога лидерот Пол Гринберг изјави дека одбрана е нова фраза. Досега никој не успеал да ја открие.

4. Клубот телешка глава

10 чудни и нејасни тајни друштва

Кратко по погубувањето на кралот Чарлс I во 1649-та година, неговите непријатели го создале Клубот телешка глава за да се шегуваат за него. Членовите се состанувале еднаш годишно на 30-ти јануари, годишнината на погубувањето, и прославувале со бизарна вечера. Менито вклучувало глави од телиња (поддржувачите на кралот), глава од бакалар (кралот) и голема глава од дива свиња (тиранијата на кралот). Членовите имале и нивна химна и наздравувале со вино во чаши направени од телешки черепи. По враќањето на монархијата во 1660-та година, клубот морал да се состанува тајно. Неговиот крај дошол во февруари 1735-та година кога толпа луѓе влегле на еден состанок и речиси линчувале неколку членови.

5. Ариои

10 чудни и нејасни тајни друштва

Ариои било тајно друштво кое постоеле на Тахити долго пред Европејците да го најдат патот до островот. Групата била посветена на обожување на богот Оро и патувале барајќи нови членови. Со цел да ги привлечат, тие имале цели ритуали со танцување. Секој можел да побара членство, но биле прифаќање само најпривлечните и најубавите луѓе.

Друштвото проповедало многу слободен животен стил за кој докажуваат некои од нивните ритуали од сексуална природа. Тие имале и строго правило со кое се забранувало раѓањето деца бидејќи тие би им пречеле на членовите. Ги абортирале сите фетуси и ги убивале сите новороденчиња. Во 19-тиот век христијаните му ставиле крај на друштвото.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар