10 борби на Анонимните во корист на човештвото

10 борби на Анонимните во корист на човештвото

Анонимните се група непознати хакери-активисти од целиот свет. Членовите се познати по тоа што го кријат својот идентитет со позната маска на Гај Фокс. Иако групата нема специфична цел, тие имаат желба да ја отстранат цензурата од Интернетот, да ја промовираат слободата на говорот и да ги фрустрираат авторитативните власти. Иако тие се познати по тоа што рушат сервери, разоткриваат веб-сајтови и пуштаат приватни информации онлајн, сепак оваа група во многу наврати има делувано во интерес на човештвото. Во продолжение погледнете ги 10-те делувања на Анонимните во корист на луѓето.

1. Разоткривање на ангажираноста на кинеската армија во сајбер нападите на САД

(1)10-borbi-na-anonimnite-vo-korist-na-choveshtvoto-kafepauza.mk

Во 2011 година Анонимните го разоткрија делувањето на кинеската војна за неколку напади на американски компании, организации и владини агенции. Американците долго време тврделе дека Кина стои зад сајбер нападите од 2011 година, но немале докази да го потврдат тоа. Кина, се разбира, ги одбивала сите обвиненија. Анонимните се замешале и откриле цврсти докази кои ги потврдија сомнежите. Кинеската влада беше понижена, а нападите веднаш престанаа.

2. Борбата против тиранијата на власта во Иран

(2)10-borbi-na-anonimnite-vo-korist-na-choveshtvoto-kafepauza.mk

По контроверзната победа на Махмуд Ахмединеџат на изборите во 2009-та година, иранските власти ги блокираа сите медиуми и веб-сајтови. Оваа цензура им забрани на многу Иранци да имаат пристап до Интернет. Групата хакери им кажа неколку совети на жителите на Иран кои им помогнаа да добијат пристап до Интернет. Оваа интервенција им помогна на Иранците да го добијат своето право на говор за време на протестите.

3. Борбата против владината корупција во Нигерија

(3)10-borbi-na-anonimnite-vo-korist-na-choveshtvoto-kafepauza.mk

Во 2016-та година, Анонимните објавија војна против власта во Нигерија. Групата ги замоли своите членови да ги отстрани веб-сајтовите на неколку владини агенции, и за неколку часа страниците беа паднати. Анонимните објавија дека причината за овој напад е корупцијата на лидерите на државата, невработеноста, неписменоста и лошото здравство. Тие исто така се заканија со нов напад доколку властите не преземат нешто за спомнатите проблеми.

4. Борбата за правата на ЛГБТ во Уганда

(4)10-borbi-na-anonimnite-vo-korist-na-choveshtvoto-kafepauza.mk

Анонимните ги имаат користено своите вештини неколку пати во корист на ЛГБТ. Неколку држави, од кои 38 во Африка, воведоа закони против ЛГБТ заедницата. Во Уганда ситуацијата била најлоша, бидејќи на припадниците на оваа заедница им се заканувала смртна казна. Анонимните го хакираа веб-сајтот на премиерот на Уганда и изјавија дека нема да гледаат како властите се изживуваат на други луѓе. Тие се заканија дека ќе продолжат да ги напаѓаат веб-сајтовите на власта како и центрите за комуникација, сè додека припадниците на ЛГБТ не ги добијат правата кои ги заслужуваат. Нападот беше успешен и власта била понижена. Но, тие ја зголемиле својата Интернет заштита, и законот стапил во сила во 2014 година, но осудените добивале доживотна затворска казна наместо смрт.

5. Војна против детската порнографија

(5)10-borbi-na-anonimnite-vo-korist-na-choveshtvoto-kafepauza.mk

Едно од најзначајните достигнувања на оваа група е војната против детската порнографија. Тие почнале да ги разоткриваат платформите кои нуделе услови за изведување на ова злосторство. Во декември 2007 година, Анонимните помогнале при апсењето на Крис Форканд, Интернет предатор и педофил. Анонимните онлајн се претставувале како деца и собирале информации за педофилите. Кога имале доволно докази, им ги праќале на агентите.

Една од најзначајните битки против детската порнографија е успешниот сајбер напад на Lolita City, веб-сајт каде што педофилите можеле да гледаат како се злоупотребуваат невини деца. Анонимните ги објавиле имињата на 1.500-те корисници на страницата. Покрај Lolita City, групата има хакирано и други страници кои содржат детска порнографија и ги присилувале да се тргнат од Интернет.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар