10 бизарни теории на заговор за познатите личности
Теориите на заговор за познатите не ни се непознати. Некои од најпопуларните сè уште се појавуваат одвреме-навреме, како на пример мислењето дека Елвис е жив или пак дека Стиви Вондер лаже за неговото слепило.
Колку и да звучат чудно, некои навистина бизарни теории на заговор за познатите ѝ го привлекле вниманието на јавноста. Иако очигледно мала е веројатноста да бидат вистинити, многу луѓе тврдат дека овие теории се факт.
1. Познатите се дел од Илуминатите
Илуминатите се обвинувани за безброј работи низ годините, а сега постојат гласини дека се инфилтрирани во Холивуд преку актерите.
Голем број познати се поврзани со ова тајно друштво, вклучувајќи ги Ники Минаж, Били Џоел, Џастин Бибер, Кети Пери, Мадона, Канје Вест и Ким Кардашијан, Анџелина Џоли, па дури и неколку американски претседатели. Во некои случи, музичарите ги претвораат овие гласини во шеги и користат симболика на Илуминатите во нивните песни и спотови. Мадона пак отишла дотаму што изјавила дека не е Илуминати, но дека знае кој е.
2. На Род Стјуарт му бил испран желудникот поради голтање сперма
Причините за посетите на болница и одењето на рехабилитација на познатите е посебен вид теории на заговор. Наводно, Род Стјуарт завршил во болница бидејќи морале да му го исперат желудникот, бидејќи бил полн со сперма.
Наводно, според гласините, Род голтнал 3,8 литри сперма откако ја поминал вечерта со некои морнари во бар во Сан Диего. Гласините се рашириле многу брзо, а во 2012-та година Род бил прашан за овој настан. Според него, озборувањето го започнал публицист, како одмазда поради тоа што го отпуштил.
3. Линдзи Лохан имала близначка
Линдзи се појавува и исчезнува од сцената на познатите многу години. Кога се обидуваше да се оддалечи од славата добиена од Дизни, таа беше тема на многу расправи поради нејзините чудни зборови и постапки. Но, според некои луѓе ова однесување не било само затоа што сакала да се оддели од Дизни, туку било поради тоа што од Дизни ја убиле нејзината сестра близначка.
Имено, Линдзи не ги играла близначките во „Стапица за родителите“ (The Parent Trap), туку била придружувана од нејзината близначка Келси Морган Лохан. Според заговорот, од Дизни се обиделе да ја префрлат славата на Келси, но неуспешно. Оттука постојат неколку верзии – од тоа дека Дизни ја убиле Келси, до тоа дека ја испратиле да живее „нормален“ живот.
4. Администрацијата на Џорџ В. Буш го предизвикала нервниот слом на Бритни
Знаевте ли дека постои цел распоред кој детално опишува како Бритни стигнала до Белата куќа и како секој пат кога администрацијата на Буш била сред оган, Бритни правела нешто за да го привлече вниманието кон себе? Многумина веруваат дека оваа теорија била „потврдена“ кога во 2003-та година Бритни бил прашана дали му верувала на Буш, и таа изјавила дека му верува. За многумина ова било доказ дека е блиска со претседателот и дека работи за него.
Иако некои од најконтроверзните настани од животот на Бритни се во ист период со лошите моменти на претседателот Буш, ова не докажува ништо.
5. Меланија Трамп е заложник
Сегашната прва дама на САД е мета на многу озборувања, но една гласина навистина сте истакнува. Според некои луѓе, Меланија е држена против нејзината волја додека нејзиниот сопруг ја води државата. Имено, луѓето веруваат дека во јавноста се појавува многу ретко и дека личноста што ја гледаме не е таа, туку нејзин двојник.
Верниците во оваа теорија изјавиле дека Меланија изгледала како воопшто да не сака да присуствува на инаугурацијата на Трамп. Оттогаш, гласините само продолжите да се шират и почнаа да се појавуваат фотографии кои „докажуваат“ дека жената до Трамп е двојничка, а не Меланија.
Продолжува на следната страница…