Претходно
Што ќе се случи со вашето тело ако престанете да пушите?
Веројатно многумина ги знаат опасностите од пушењето, но свесно не се откажуваат од оваа своја навика, бидејќи повеќе уживаат во цигарата, одошто се загрижени за своето здравје. А можеби почесто и не сакаат да ја знаат реалната вистина за пушењето како предизвикувач на сериозни болести. Ако не се грижите на долгорочен план, погрижете се барем за својата најблиска иднина. Видете какви позитивни промени ќе ви се случат, доколку престанете да пушите. Потоа, престанете и уверете се.
- За 20 минути вашиот крвен притисок ќе се спушти до нормален.
- За 8 часа нивото на јаглеродниот моноксид (отровен гас) во вашиот крвен систем ќе се намали за половина, а нивото на кислород ќе се врати во нормала.
- За 48 часа шансите да добиете срцев удар ќе се намалат. Целиот никотин ќе го има напуштено вашето тело и чувствата за мирис и вкус ќе се вратат на нормално ниво.
- За 72 часа, вашите дишни патишта ќе се опуштат и ќе ви се зголеми енергијата.
- За 2 недели ќе ви се зголеми циркулацијата и ќе продолжи да се подобрува во следните 10 недели.
- За 3-9 месеци, кашлањето, тешкото дишење и воопшто проблемите со дишењето ќе се намалат како резултат на зголемувањето на капацитетот на вашите бели дробови за 10%.
- За 1 година ризикот да доживеете срцев удар двојно ќе се намали.
- За 5 години ризикот да добиете мозочен удар ќе стане ист како за непушачите.
- За 10 години шансата да заболите од рак на белите дробови станува иста како кај непушачите.
- За 15 години ќе имате подеднаков ризик да доживеете срцев удар како и кој било непушач.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Другите делови ги имате во рилејтед,а вреди да го погледне и секој непушач за да ги разбере пушачките навики, и секој пушач кој [не] сака да се откаже од цигарите 🙂
Поздрав!