Прошетка која ги излудува мажите
Научниците велат ако одите на улица испрчено, автоматски тоа ве прави да изгледате секси и успешно. Сите знаеме како се оди, нели? Но, истражувањата на универзитетот Queen’s во Канада покажале дека постои едноставна формула за одење која дефинитивно го задржува вниманието на другите. Која е формулата?
Ви текнува на песната Walk this way од Aerosmith?
Тоа е успокоена верзија на одот на моделите од Victoria’s secret. Главата горе, рамениците исправени и наназад, градите нанапред. Рацете треба да се движат разлабавено напред-назад, додека колковите се движат од една кон друга страна. Тежината повеќе паѓа на вашите потпетици. Ако ви се чини дека за ваков од треба малку вежба, додека одите, во себе повторувајте ја следнава мантра: Раменици, колкови, потпетици…
Кога одот ќе почне да ви доаѓа природно додека чекорите, веќе е полесно. Комбинацијата од симетричното усогласување на вашето тело и ритмички движења е дефинитивно добитна бидејќи веднаш испраќа порака до сите оние кои се околу вас. Ваквото чекорење остава впечаток дека сте самоуверена и дека имате контрола во вашиот живот.
Убиствена самодоверба
Одењето на ваков начин нема само да ве направи да се чувствувате секси. Ќе се чувствувате посекси од која било жена околу вас и ќе бликате од самодоверба, бидејќи вашиот ум веднаш ќе ја „купи“ пораката што му ја праќа телото.
Напред за облините
Никој не сака да гледа ковчесто тело и жена на која ѝ се проѕираат коските. Облините секогаш се и ќе бидат во мода. Освен што облините одлично му прилегаат на женското тело, тие даваат една неверојатно силна слика кај оној кој ве набљудува.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
E DOBRO NIE SLABITE TREBA OD DOMA DA NE IZLEGVAME ?????
Магдаленче, девојка со облини може и да е слабичка, ама да дал Господ за машала 😉 Не знам од каде е ова дека ако цура си има облини автоматски значи дека е дебела. А и дебела цура да има облини, онда big tits on fat girl are like abs on a skinny guy, they DON’T COUNT